Македонскиот БДП лани изнесувал 8,1 милијарди евра

Bez autora
Oct 01 2014

Домашниот бруто-производ во минатата година изнесува 499.559 милиони денари или 8,12 милијарди евра и во споредба со 2012 година бележи номинално зголемување за 7 проценти, а реалната стапка на раст на БДП е 2,7 процента - објави вчера Државниот завод за статистика. БДП на жител во земјава изнесувал 3.930 евра. Податоците за домашниот бруто-производ за 2012 и 2013 година се подготвени според методологијата на европскиот систем на сметки 2010 (ЕСС 2010) и се ревидирани податоци. Во оваа пресметка влегоа и проценетите приходи од илегалните активности. Статистика објави дека најголемо учество на додадената вредност во структурата на БДП во 2013 година имаат секторите трговија на големо и трговија на мало, поправката на моторни возила и мотоцикли, транспортот и складирањето, објектите за сместување и сервисни дејности со храна со 18,2 отсто.

Македонскиот БДП лани изнесувал 8,1 милијарди евраДомашниот бруто-производ во минатата година изнесува 499.559 милиони денари или 8,12 милијарди евра и во споредба со 2012 година бележи номинално зголемување за 7 проценти, а реалната стапка на раст на БДП е 2,7 процента - објави вчера Државниот завод за статистика. БДП на жител во земјава изнесувал 3.930 евра.

Податоците за домашниот бруто-производ за 2012 и 2013 година се подготвени според методологијата на европскиот систем на сметки 2010 (ЕСС 2010) и се ревидирани податоци. Во оваа пресметка влегоа и проценетите приходи од илегалните активности.

Статистика објави дека најголемо учество на додадената вредност во структурата на БДП во 2013 година имаат секторите трговија на големо и трговија на мало, поправката на моторни возила и мотоцикли, транспортот и складирањето, објектите за сместување и сервисни дејности со храна со 18,2 отсто.

Според податоците, финалната потрошувачка во 2013 година, во споредба со 2012 година, номинално расте за 3,7 проценти, а во структурата на БДП учествува со 89,6 проценти. Учеството на извозот на стоки и на услуги во структурата на БДП во 2013 година изнесува 43,8 проценти.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik