Скопје останува без директна линија со Берлин

Bez autora
Oct 02 2014

Скопје останува без директна авионска врска со Берлин. Авиокмпанијата „Флај Германија“, која заедно со „Ер Приштина“ ја воведе оваа линија пред една година, реши да ја укине од крајот на октомври, односно со почетокот на зимскиот ред на летање, објави специјализираниот портал за авијација „Ексју авиејшн“. Целосното укинување на линијата доаѓа по претходното редуцирање на неделниот број летови до Берлин. Односно, пред неколку месеци „Ер Приштина“ остана на само еден лет неделно од Скопје до германската метропола наместо првичните два лета во текот на неделата.

Скопје останува без директна линија со БерлинСкопје останува без директна авионска врска со Берлин. Авиокмпанијата „Флај Германија“, која заедно со „Ер Приштина“ ја воведе оваа линија пред една година, реши да ја укине од крајот на октомври, односно со почетокот на зимскиот ред на летање, објави специјализираниот портал за авијација „Ексју авиејшн“.

Целосното укинување на линијата доаѓа по претходното редуцирање на неделниот број летови до Берлин. Односно, пред неколку месеци „Ер Приштина“ остана на само еден лет неделно од Скопје до германската метропола наместо првичните два лета во текот на неделата.

Од компанијата вчера не успеавме да добиеме одговор дали и зошто се укинува директната врска со Берлин. Информација за укинувањето на линијата засега не добил ниту операторот на аеродромите, компанијата „ТАВ Македонија“.

На интернет-страницата на „Ер Приштина“ може да се најдат информации за планираните летови до берлинскиот аеродром само до 31 октомври. За разлика од оваа врска, за другите две линии, кои авиокомпанијата ги опслужува од скопскиот аеродром, односно за летовите до Диселдорф и Цирих, има информации до средината на следната година. Истото се случува и на интернет-страницата на „Флај Германија“ каде што последните достапни летови од Скопје до Берлин за кои може да се резервира билет се заклучно со 31 октомври. По овој датум добивате објава дека нема летови на таа дестинација.

Дали и какви промени ќе има во авионските линии од македонските аеродроми ќе се знае деновиве откако Агенцијата за цивилно воздухопловство ќе го објави зимскиот ред на летање. Освен укинувањето на летовите до Берлин, засега уште е извесно дека ќе има и помалку летови неделно до Љубљана, односно наместо сегашните 10 во текот на неделата, до словенечката метропола од Скопје ќе се лета само по еднаш дневно.

Во меѓувреме Македонија продолжува да урива рекорди во бројот на прелети на нејзиниот воздушен простор. Податоците на „Евроконтрол“ покажуваат дека нашата земја има најголем раст на прелетите во цела Европа во првите осум месеци од годинава. Односно, до крајот на август низ воздушниот простор на Македонија прелетале 99.231 авион, што е пораст од 30,4 отсто споредено со истиот период лани. Од сите тие летала, 90.158 само ја надлетале земјава, а 9.073 летнале или слетале од скопскиот и од охридскиот аеродром.

Пак ќе има субвенции за нискобуџетските превозници

Владата ќе им доделува субвенции на нискобуџетските авиокомпании и во следните години, но с` уште не се знае точниот износ. Шемата на субвенционирање на нискобуџетските авиокомпании кои воведуваат нови дестинации од и кон земјава и кои превезуваат голем број патници почна од 2012 година со план за следните три години. За периодот од 2012 до 2015 година Владата издвои 4,9 милиони евра, пари што ~ беа доделени на авиокомпанијата „Визер“ по претходно објавен јавен оглас.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik