Стасува првата пратка нови товарни вагони

Bez autora
Oct 16 2014

Првата пратка од 15 товарни вагони што за Македонски железници „Транспорт“ ги произведува словачката компанија „ЖОС Трнава“, ќе стигнат на почетокот на ноември. Останатите, вкупно 150 нарачани товарни вагони во функција ќе бидат до првата половина на јануари. Ова го соопшти директорот на МЖ „Транспорт“ Оливер Деркоски, кој посочи дека набавката на товарните вагони изнесува 13,2 милиони евра. Со оваа инвестиција, МЖ „Транспорт“ ќе го обнови возниот парк со 75 отворени вагони и исто толку плато-вагони. Со тоа, според Деркоски, ќе се намалат трошоците за одржување на постојниот возен парк, но и ќе бидат дел од новите договори за превоз на стока од пристаништето Пиреја кон Средна Европа. МЖ Транспорт моментно располага со околу 1.000 товарни вагони од различни типови. Набавката значи обновување на возниот парк затоа што нашите товарни вагони се стари и одржувањето бара многу средства, нагласи Деркоски.

Стасува првата пратка нови товарни вагониПрвата пратка од 15 товарни вагони што за Македонски железници „Транспорт“ ги произведува словачката компанија „ЖОС Трнава“, ќе стигнат на почетокот на ноември. Останатите, вкупно 150 нарачани товарни вагони во функција ќе бидат до првата половина на јануари.

Ова го соопшти директорот на МЖ „Транспорт“ Оливер Деркоски, кој посочи дека набавката на товарните вагони изнесува 13,2 милиони евра. Со оваа инвестиција, МЖ „Транспорт“ ќе го обнови возниот парк со 75 отворени вагони и исто толку плато-вагони.

Со тоа, според Деркоски, ќе се намалат трошоците за одржување на постојниот возен парк, но и ќе бидат дел од новите договори за превоз на стока од пристаништето Пиреја кон Средна Европа.

МЖ „Транспорт“ моментно располага со околу 1.000 товарни вагони од различни типови. Набавката значи обновување на возниот парк затоа што нашите товарни вагони се стари и одржувањето бара многу средства, нагласи Деркоски.

Покрај товарни вагони, МЖ Транспорт набавува и шест патнички железнички гарнитури. Испораката на првата треба да почне од август следната година, а до крајот на таа година да пристигнат сите. Инвестицијата во новите патнички возови изнесува 20 милиони евра.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik