Македонија ќе може да користи 400 милиони долари за развој

Bez autora
Oct 19 2014

Македонија во наредните четири години ќе може да користи 400 милиони долари од Светска банка за постигнување повисок и поинклузивен раст, кој ќе се претвори во работни места и зголемен приход за сите сегменти во општеството. Ова е предвидено со новата стратегија за партнерство со Република Македонија за периодот 2015 -2018 година, а која беше разгледана завчера од Бордот на директори на Банката. Новата стратегија се должи на силното партнерство помеѓу Македонија и Светска банка, која дава цврста поддршка на земјата во нејзиниот развој и аспирација за пристап во Европската Унија. Македонија има солидни резултати во прудентно макроекономско управување, го одржа растот и ја зголеми вработеноста за време на глобалната криза, се наведува во соопштението од Светска банка.

Македонија ќе може да користи 400 милиони долари за развојМакедонија во наредните четири години ќе може да користи 400 милиони долари од Светска банка за постигнување повисок и поинклузивен раст, кој ќе се претвори во работни места и зголемен приход за сите сегменти во општеството. Ова е предвидено со новата стратегија за партнерство со Република Македонија за периодот 2015 -2018 година, а која беше разгледана завчера од Бордот на директори на Банката.

- Новата стратегија се должи на силното партнерство помеѓу Македонија и Светска банка, која дава цврста поддршка на земјата во нејзиниот развој и аспирација за пристап во Европската Унија. Македонија има солидни резултати во прудентно макроекономско управување, го одржа растот и ја зголеми вработеноста за време на глобалната криза - се наведува во соопштението од Светска банка.

Зависно од условите на пазарот, овие 400 милиони долари може да бидат дополнети со 80 до 100 милиони долари финансирање за четири години од Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) и гаранции од Мултилатералната агенција за гаранција на инвестициите (МИГА).

Стратегијата за партнерство со земјата е дефинирана околу два столба, односно за раст и конкурентност, кое подразбира подобрувања во бизнис-климата и трговскиот режим, кои се суштествени за привлекување приватни инвестиции и подобрување на извозните резултати за да се постигне одржлив развој предводен од приватниот сектор и создавање работни места. Вториот столб се вештините и инклузијата, кои предвидуваат интервенции што ќе ги зголемат вештините и ќе ја подобрат инклузијата за сите сегменти на општеството да имаат корист од економскиот раст преку подобри можности за вработување и поефикасни јавни и општински услуги.

- Стратегијата е во согласност со новиот стратешки документ на ЕУ за помош на земјата за периодот 2014-2020 година и средствата од Светската банка ќе се искористат за дополнување и подобрување на апсорпцијата на ЕУ-инструментот од претпристапните (ИПА) фондови - наведуваат од Светска банка.

Додаваат дека Светската банка ќе ја поддржи Владата со цела низа финансиски мерки и услуги за поддршка на овие цели, како и обезбедување помош во неколку сектори, како транспорт, енергетска ефикасност, управување со јавни финансии и социјална заштита.

- Благодарение на силните резултати од прудентното управување и структурните реформи, земјата оствари солиден раст, кој сега се зголемува, а и вработеноста почна да расте - изјави Татјана Проскурјакова, директор на Kанцеларијата на Светска банка за Македонија. Таа додава дека останува предизвикот да се гради врз овој успех и да се обезбедат нови можности за сиромашните и обесправени групи, кои с` уште немаат корист од економскиот раст колку што се очекува.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik