Саем за проектот „Купи куќа, купи стан“

Bez autora
Oct 20 2014

Првиот саем за проектот „Купи куќа, купи стан“ ќе се одржува во Skopje City Mall од 24-ти до 28-ми октомври. На овој настан, велат од Министерството за финансии, граѓаните ќе можат да ги добијат сите потребни информации и да ги остварат сите контакти за проектот кој дава и до 14.000 евра неповратни средства за купување нов дом. На саемот ќе учествуваат и претставници од банките и градежните компании кои ќе ги запознаат граѓаните со условите на „Купи куќа, купи стан“ и понудата на станови и куќи на пазарот на недвижности. Граѓаните ќе можат да се консултираат со луѓето од Министерството за финансии лично и да се посоветуваат кој модел од проектот најмногу им одговора и кои чекори треба да ги преземат за да аплицираат. Посебни повластици и попусти корисниците на проектот ќе добијат од компании за мебел, бела техника и осигурување, кои сакаа да дадат поддршка на иницијативата, се вели во соопштението на Министерството за финансии.

Саем за проектот „Купи куќа, купи стан“Првиот саем за проектот „Купи куќа, купи стан“ ќе се одржува во Skopje City Mall од 24-ти до 28-ми октомври.

На овој настан, велат од Министерството за финансии, граѓаните ќе можат да ги добијат сите потребни информации и да ги остварат сите контакти за проектот кој дава и до 14.000 евра неповратни средства за купување нов дом.

На саемот ќе учествуваат и претставници од банките и градежните компании кои ќе ги запознаат граѓаните со условите на „Купи куќа, купи стан“ и понудата на станови и куќи на пазарот на недвижности.

„Граѓаните ќе можат да се консултираат со луѓето од Министерството за финансии лично и да се посоветуваат кој модел од проектот најмногу им одговора и кои чекори треба да ги преземат за да аплицираат. Посебни повластици и попусти корисниците на проектот ќе добијат од компании за мебел, бела техника и осигурување, кои сакаа да дадат поддршка на иницијативата“, се вели во соопштението на Министерството за финансии.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik