Се градат ТИРЗ во Берово и во Виница

Bez autora
Oct 20 2014

Минатиот викенд почна изградбата на технолошко-индустриски развојни зони во Берово и во Виница. Зоната во Берово ќе се гради на површина од 17 хектари, а во првата фаза од реализацијата Владата ќе вложи околу половина милион евра со кои ќе се гради внатрешната инфраструктура. ТИРЗ во Берово ќе има 10 парцели. Се наоѓа во местото нарекувано Шушлевец, на еден километар од Берово во непосредна близина на регионалниот пат Берово – Дабиле, Струмичко. ТИРЗ Виница ќе се простира на површина од 21 хектар, составена од 10 парцели. Се наоѓа на само два километра од Виница. Зоната ќе има и соодветен патен приклучок, а од особена важност ќе биде изградбата на автопатот Скопје – Штип, експресниот пат од Штип до Кочани и натамошниот развој на патната мрежа во овој дел од земјата, меѓу кои и надградбата на магистралниот пат што води до Делчево.

Се градат ТИРЗ во Берово и во ВиницаМинатиот викенд почна изградбата на технолошко-индустриски развојни зони во Берово и во Виница. Зоната во Берово ќе се гради на површина од 17 хектари, а во првата фаза од реализацијата Владата ќе вложи околу половина милион евра со кои ќе се гради внатрешната инфраструктура. ТИРЗ во Берово ќе има 10 парцели. Се наоѓа во местото нарекувано Шушлевец, на еден километар од Берово во непосредна близина на регионалниот пат Берово – Дабиле, Струмичко.

ТИРЗ Виница ќе се простира на површина од 21 хектар, составена од 10 парцели. Се наоѓа на само два километра од Виница. Зоната ќе има и соодветен патен приклучок, а од особена важност ќе биде изградбата на автопатот Скопје – Штип, експресниот пат од Штип до Кочани и натамошниот развој на патната мрежа во овој дел од земјата, меѓу кои и надградбата на магистралниот пат што води до Делчево.

Според проектот за зоната во Берово, планирана е изградба на внатрешна улична мрежа, довод на вода, струја и гас, посебна мрежа за улично осветлување, канализациска инфраструктура за прифаќање на атмосферските и отпадни води, како и преземање на сите потребни мерки за заштита на животната средина, односно се' што е потребно за нормално и функционално работење на идните производствени капацитети во оваа зона. Сообраќајното поврзување со основната патна мрежа се предвидува да се изведе со изградба на кружен тек со кој ќе се овозможи едноставно и безбедно исклучување и приклучување на сообраќајните токови од и во регионалниот пат.

Според премиерот Никола Груевски, во Берово развиено е земјоделството, шумарството, полјоделството, а до некаде и туризмот, но она што недостига се инвестициите и отворањето нови работни места кои ќе го заживеат овој регион.

Со изградбата на зоната Берово, според директорот на ТИРЗ Виктор Мизо, ќе се подобри развојната стратегија на регионот за привлекување странски домашни инвеститори.

„Зоната ќе претставува индустриски комплекс во кој со влез на нови инвестиции ќе се овозможи креирање нови работни места, развој и примена на нови технологии, зголемување на конкурентноста во меѓународната трговска размена и ќе има удел во забрзувањето на растот и развојот на економијата воопшто“, рече Мизо.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik