Се комплетира проектот за пругата кон Бугарија

Bez autora
Oct 23 2014

За две години треба да биде готов проектот за изградба на последната делница од Коридорот 8, од Крива Паланка до „Деве Баир“, долга 23 километри. Деновиве беше распишан повик за избор на консултант кој ќе го подготви основниот проект за делницата која е последна од трите за железничкото поврзување на Македонија со Бугарија. Заинтересираните компании може да се пријават на повикот до 20 ноември, а проектот ќе треба да биде изработен за 22 месеци. Врз основа на него ќе се знае и точната сума пари за изградба на тој дел од пругата, која според првичните процени би изнесувала 330 милиони евра. За фазата на проектирање се одобрени средства од инструментот ИПА во висина од 3,5 милиони евра.

Се комплетира проектот за пругата кон БугаријаЗа две години треба да биде готов проектот за изградба на последната делница од Коридорот 8, од Крива Паланка до „Деве Баир“, долга 23 километри. Деновиве беше распишан повик за избор на консултант кој ќе го подготви основниот проект за делницата која е последна од трите за железничкото поврзување на Македонија со Бугарија.

Заинтересираните компании може да се пријават на повикот до 20 ноември, а проектот ќе треба да биде изработен за 22 месеци. Врз основа на него ќе се знае и точната сума пари за изградба на тој дел од пругата, која според првичните процени би изнесувала 330 милиони евра. За фазата на проектирање се одобрени средства од инструментот ИПА во висина од 3,5 милиони евра.

Со основниот проект се комплетира проектната документација за железничкиот дел од Коридорот 8, кој го опфаќаат и делниците Куманово - Бељаковце и Бељаковце - Крива Паланка. Како што информираат од Министерството за транспорт и врски, во март годинава почна обновата на 31 километар на делницата Куманово - Бељаковце. Изградбата ќе чини 39 милиони евра, а компанијата „Вибе“ треба да ја заврши до третиот квартал на 2016 година.

За делницата Бељаковце - Крива Паланка, во должина од 34 километри, е потпишан договор за изработка на основен проект со компанијата „Обермаер хелас ЛТД“. Претквалификацијата за избор на градежна фирма ќе почне следниот месец, квалификацијата на фирмите кои ќе влезат во изборот - во март, а договорот со компанијата која ќе ги врши градежните работи ќе се потпише во август следната година. Градежните работи треба да почнат во првиот квартал на 2016 година. Инвестицијата за оваа делница ќе изнесува 145 милиони евра, средства што се очекува да бидат обезбедени од ЕБОР по потпишувањето на договорот за заем.

Годинава, Министерството за транспорт и врски ќе избере фирма што ќе реконструира 10 железнички станици на Коридорот 10. На повикот објавен на интернет-страницата на Европската комисија се пријавија девет компании и во тек е евалуацијата на понудите. Со проектот ќе бидат опфатени железничките станици во Велес, Прилеп, Битола, Гевгелија, Богомила, Чашка, Табановце, Демир Капија, Градско и Неготино-Вардар.

Ќе се реконструираат водоводната и електричната инсталација, осветлувањето, санитариите, инсталација на системи за греење и ладење, системи за противпожарна заштита, патнички информативен систем, како и пристапноста за товарен транспорт и достапност и поврзување со патниот транспорт (јавен и индивидуален). Во рамките на проектот, меѓу останатото ќе бидат целосно заменети покривите, подовите, ќе се санираат фасадите и внатрешните ѕидови, ќе биде поставена нова термичка изолација и ќе се изградат нови тоалети. Посебно внимание, информираат од Транспорт и врски, ќе се посвети на подобрување на пристапноста за лица со намалена подвижност.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik