Зголемени субвенциите за привлекување туристи

Bez autora
Oct 23 2014

Владата донесе одлука да се зголеми износот на субвенциите за привлекување туристи од Босна и Херцеговина, Србија и Бугарија од сегашните 25 на 35 евра по донесен турист. Портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев информираше дека услов за добивање субвенција за туристите од БиХ, Србија и Бугарија е да имаат организиран престој во Македонија со најмалку седум ноќевања, како и организирано да доаѓаат и да заминат од земјава со авионски превоз. Покрај тоа, од 1 јануари 2015 година субвенциите за туристите од Германија, САД, Англија, Казахстан, Азербејџан и Катар ќе изнесуваат по 65 евра од човек. Услов за добивање субвенции за туристи од овие земји е да имаат најмалку три ноќевања во Македонија.

Зголемени субвенциите за привлекување туристиВладата донесе одлука да се зголеми износот на субвенциите за привлекување туристи од Босна и Херцеговина, Србија и Бугарија од сегашните 25 на 35 евра по донесен турист.

Портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев информираше дека услов за добивање субвенција за туристите од БиХ, Србија и Бугарија е да имаат организиран престој во Македонија со најмалку седум ноќевања, како и организирано да доаѓаат и да заминат од земјава со авионски превоз.

Покрај тоа, од 1 јануари 2015 година субвенциите за туристите од Германија, САД, Англија, Казахстан, Азербејџан и Катар ќе изнесуваат по 65 евра од човек. Услов за добивање субвенции за туристи од овие земји е да имаат најмалку три ноќевања во Македонија.

„Туризмот е гранка каде што имаме континуиран позитивен тренд. Во периодот од јануари до август 2014 година споредено со истиот период од лани имаме раст на бројот на туристи за 5,9 проценти. При тоа бројот на домашни туристи е пораснат за 2,3 проценти, а на странски за 9 проценти“, рече Ѓорѓиев. Тој нагласи дека наскоро измените во висината на субвенционирање ќе стапат во сила.

„И двете решенија се добар повод домашните туристички компании уште отсега да стапат во сериозни контакти и договарање со нивните пандани од овие девет земји за да воспостават аранжмани кои ќе обезбедат значителен прилив на странски туристи во земјава во 2015 година“, рече Ѓорѓиев.

Во изминатите пет години Македонија има континуиран раст на туризмот и на годишно ниво просечно над 130 милиони долари се влеваат во земјава како девизен прилив по основ на туристичка дејност.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik