Минималната плата ќе се зголеми на 9.590 денари од јануари

Bez autora
Oct 28 2014

Минималната плата од 1-ви јануари ќе се зголеми од 8.800 на 9.590 денари, според најновите измени на Законот за минимална плата усвоени од Економско Социјалниот Совет и Владата на Република Македонија. Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов во вторник ги презентираше најновите измени на Законот за минимална плата со кој во 2012 година за прв пат беше утврдена најниската месечна плата. За прв пат во 2012 година со посебен Закон се овозможи да се утврди најнискиот месечен износ на основна плата кој работодавачот беше должен да му ја исплати на работникот во висина од 8.050 денари, за годинава истата да се покачи на 8.800 денари, а со направените измени дефиниравме дека покачувањето на минималната плата следната година ќе започне од почетокот на годината, односно од 1-ви јануари 2015 година, при што минималната плата од 8.800 денари ќе се зголеми и ќе изнесува 9.590 денари, за во јануари 2016 година да се зголеми на 10.080 денари, изјави Спасов.

Минималната плата ќе се зголеми на 9.590 денари од јануариМинималната плата од 1-ви јануари ќе се зголеми од 8.800 на 9.590 денари, според најновите измени на Законот за минимална плата усвоени од Економско Социјалниот Совет и Владата на Република Македонија.

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов во вторник ги презентираше најновите измени на Законот за минимална плата со кој во 2012 година за прв пат беше утврдена најниската месечна плата.

„За прв пат во 2012 година  со посебен Закон  се овозможи да се утврди најнискиот месечен износ на основна плата кој работодавачот беше должен да му ја исплати на работникот во висина од 8.050 денари, за годинава истата да се покачи на 8.800 денари, а со направените измени дефиниравме дека покачувањето на минималната плата следната година ќе започне од почетокот на годината, односно од 1-ви јануари 2015 година, при што минималната плата од 8.800 денари ќе се зголеми и ќе изнесува 9.590 денари, за во јануари 2016 година да се зголеми на 10.080 денари“, изјави Спасов.

Во дејностите кои се трудо интензивни,  производство на текстил, производство на облека и производство на кожа и слични производи од кожа, минималната плата од 1-ви јануари ќе се зголеми на 8.050 денари, а во 2016 година ќе изнесува 9.000 денари, во 2017 година 9.590 денари и 2018 година 10.080 денари.

Спасов потенцираше дека на барање на Сојузот на синдикати на Македонија, но и поаѓајќи од потребата за зајакнување на механизмот за  исплатата на минималната плата, како и заштита на интересите на работниците, се предвидоа измени во делот на казнените мерки.

„Со новите измени се предвидува доколку државниот инспектор за труд  утврдил  и констатирал дека на работникот му е исплатен понизок износ од висината на минималната плата, работодавачот најпрво има обврска во рок од седум дена да ја исплати минималната плата, но доколку не постапи односно не ја исплати минималната плата во рок од седум дена, во тој случај ќе му се изрече глоба во износ од 8.000 до 9.000 евра во денарска противвредност.  Доколку во рок од една година, работодавачот го направи истиот прекршок, односно не му се исплаќа минимална плата на работникот ќе му се изрече глоба од 9.000 до 10.000 евра во денарска противвредност, а државниот инспектор за труд ќе донесе решение за забрана на работата на работодавачот во траење од 15 дена за кој период ќе биде обврзан да исплати минимална плата и социјални придонеси за вработените. Во измените на Законот за минимална плата, исто така се предвидени и глоби за одговорното лице кај работодавачот, во износ од 4000 до 5000 евра во денарска противвредност”, рече Спасов.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik