Најголем скок на индустријата од 9,1 отсто

Bez autora
Oct 30 2014

Продолжува растот на индустриското производство што во континуитет се бележи секој месец од почетокот на годинава. Според последните податоци на Државниот завод за статистика, индустриското производство во септември се зголемило за 9,1 процент во споредба со септември минатата година, што е најголем пораст регистриран во изминатите месеци од оваа година. Во периодот од јануари до крајот на септември годинава, пак, индустриското е зголемено за 4,8 отсто во однос на истиот период лани. По евидентираното опаѓање од неколку месеци едноподруго, во септември за прв пат производството во рударството и вадењето камен е зголемено за 7,7 отсто, додека преработувачката индустрија забележала пораст од 12,9 отсто. Кај снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, како и во претходните месеци од годинава, регистриран е пад 15,9 отсто. Тоа е, сепак, значително помалку од минусот во август, кој изнесуваше 46,6 отсто.

Најголем скок на индустријата од 9,1 отстоПродолжува растот на индустриското производство што во континуитет се бележи секој месец од почетокот на годинава. Според последните податоци на Државниот завод за статистика, индустриското производство во септември се зголемило за 9,1 процент во споредба со септември минатата година, што е најголем пораст регистриран во изминатите месеци од оваа година. Во периодот од јануари до крајот на септември годинава, пак, индустриското е зголемено за 4,8 отсто во однос на истиот период лани.

По евидентираното опаѓање од неколку месеци едноподруго, во септември за прв пат производството во рударството и вадењето камен е зголемено за 7,7 отсто, додека преработувачката индустрија забележала пораст од 12,9 отсто. Кај снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, како и во претходните месеци од годинава, регистриран е пад 15,9 отсто. Тоа е, сепак, значително помалку од минусот во август, кој изнесуваше 46,6 отсто.

Според главните индустриски групи, производството во септември, во однос на истиот месец лани е зголемено кај интермедијарните производи, освен енергијата, за 6,9 отсто, кај капиталните производи за 64,5 отсто и кај нетрајни производи за широка потрошувачка за 8,3 отсто.

Според Заводот за статистика, најголем пораст на производството е евидентиран кај тутунските производи, за 46,5 отсто во споредба со септември минатата година. Ова производство имаше забележителен пораст и во август за 69 отсто во споредба со истиот месец лани, откако во претходните месеци од годинава регистрираше намалување.

Според Васко Ристовски од Здружението за земјоделство и прехранбена индустрија при Стопанската комора на Македонија, порастот кај производството на тутунски производи, односно цигари, најверојатно е резултат на нарачките што ги имаат нашите тутунски компании од партнерите во странство. „Минатата година во овој период немаше порачки, за разлика од последниве два месеца, па затоа статистиката регистрира драстично зголемено производство. Инаку, бројот на тутунските компании, како и на преработувачките капацитети и засадените површини е непроменет, така што растот не е последица на овие фактори“, вели Ристовски.

И кај опремата за транспорт во септември има зголемено производство за 45,7 проценти во споредба со истиот месец лани. Додека, забележителен скок минатиот месец има и на хемикалиите и хемиските производи, чие производство се зголемило за 37 отсто и кај фармацевтските производи и препарати за 23,1 отсто. За 7,5 проценти, пак, статистиката евидентира пад на текстилното производство.

Инаку, на индустриското му тргна солидно уште од почетокот на годинава, со плус од 6,4 отсто во јануари, продолжувајќи го растечкиот тренд и во февруари од 4,1 проценти, во март само за 0,6 проценти, во април од 2,2 отсто, во јуни за 4,9, во јули 5,9 и во август за 1,3 отсто повеќе во споредба со истиот месец во 2013 година.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik