Почнаа работите на третата делница од патот Велес - Кадрифаково

Bez autora
Oct 30 2014

Почнаа градежните работи на третата делница од патот Велес – Кадрифаково. Според проектот, ќе се исправат постоечките две стари коловозни ленти, а ќе се доизградат и две нови на делницата од Лозово преку Сарамзалино до Кадрифаково, со што ширината на патот од сегашните 6,6 метри, ќе достигне 11 метри. Само во изградбата на овие 11 километри ќе се вложат 7,5 милиони евра. Таа е многу значајна за развојот на источна Македонија. Паралелно со овој се гради и патот од Скопје до Штип, рече министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески. Делот од патот до велешката Депонија е целосно завршен, а завршуваат и земјените работи до Лозово. Целосно работите би требало да завршат во 2015 година.

Почнаа работите на третата делница од патот Велес - КадрифаковоПочнаа градежните работи на третата делница од патот Велес – Кадрифаково.

Според проектот, ќе се исправат постоечките две стари коловозни ленти, а ќе се доизградат и две нови на делницата од Лозово преку Сарамзалино до Кадрифаково, со што ширината на патот од сегашните 6,6 метри, ќе достигне 11 метри.

„Само во изградбата на овие 11 километри ќе се вложат 7,5 милиони евра. Таа е многу значајна за развојот на источна Македонија. Паралелно со овој се гради и патот од Скопје до Штип“, рече министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

Делот од патот до велешката Депонија е целосно завршен, а завршуваат и земјените работи до Лозово. Целосно работите би требало да завршат во 2015 година.

„Целосната изградба на оваа брза магистрала во државата се очекува на крајот од 2015 година. За неа се обезбедени 15 милиони евра, преку заем од Европската банка за обнова и развој. И не е единствен проект со кој се подобрува патната мрежа во државата“, рече директорот  на Јавното претпријатие за државни патишта Љупчо Георгиевски.

Тој додаде дека во моментов во државата се градат 55 километри патишта во вкупна инвестиција од 30 милиони евра.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik