Над 100.000 активни баратели на работа се борат за 4.000 слободни работни места

Bez autora
Nov 19 2014

Според Агенцијата за вработување на невработените лица и оние кои бараат работа во моментов им стојат на располагање 4.359 слободни работни места. Според податоците од понудените слободни места најголемиот дел 2.360 се во Скопје, 255 во Битола, 239 во Штип, 155 во Охрид, 129 во Неготино, 127 во Кочани, 116 во Куманово, 115 во Виница, 113 во Струмица, 101 во Тетово. Под 100 работни места има и во Прилеп, Делчево, Радовиш, Струга... Ниту едно слободно работно место нема во Македонски Брод. Како невработени, во Агенцијата за вработување заклучно со октомври годинава, се евидентирани 120.741 лица, од кои активни баратели на работа се 102.014 лица. Во Скопје како невработени се регистрирани 22.457 лица, во Тетово 12.386, Куманово 10.341, Битола 7.184...

Над 100.000 активни баратели на работа се борат за 4.000 слободни работни местаСпоред Агенцијата за вработување на невработените лица и оние кои бараат работа во моментов им стојат на располагање 4.359 слободни работни места.

Според податоците од понудените слободни места најголемиот дел 2.360 се во Скопје, 255 во Битола, 239 во Штип, 155 во Охрид, 129 во Неготино, 127 во Кочани, 116 во Куманово, 115 во Виница, 113 во Струмица, 101 во Тетово. Под 100 работни места има и во Прилеп, Делчево, Радовиш, Струга... Ниту едно слободно работно место нема во Македонски Брод.

Како невработени, во Агенцијата за вработување заклучно со октомври годинава, се евидентирани 120.741 лица, од кои активни баратели на работа се 102.014 лица.

Во Скопје како невработени се регистрирани 22.457 лица, во Тетово 12.386, Куманово 10.341, Битола 7.184...

Меѓу невработените повеќе од половина или 55.240 се жени, а 46.860 се мажи. Најмногу 46.696 се без образование, 36.249 се со средно, 18.346 се непотполно средно образование, 15.992 се со високо, 2.480 со вишо, 957 се магистри и 21 доктор на науки.

Според последните податоци пак на Државниот завод за статистика, заклучно со септември имаше над 6.000 слободни работни места. Најголемиот дел се во преработувачката индустрија околу 2.291, во трговијата се над 1.000, во транспортот 500, а во градежништвото 638 слободни работни места.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik