Нови 10.000 фирми ќе пријавуваат и ќе плаќаат ДДВ

Bez autora
Nov 20 2014

Нови 10.000 фирми од почетокот на идната година ќе бидат регистрирани како ДДВ-обврзници, откако со законски измени Владата го симна прагот на задолжителна регистрација од 32.000 илјади евра, на 16 илјади остварен годишен промет, односно еден милион денари. Фирмите што ќе се регистрираат, на три месеци ќе треба да пријавуваат и да плаќаат ДДВ на реализираниот промет. Односно, тие тримесечно ќе треба да поднесуваат електронски ДДВ пријави и да го плаќаат. Од Управата за јавни приходи вчера не можеа да се добијат информации каков е интересот на компаниите за регистрирање. Дел од бизнисмените со кои разговаравме тврдат дека задолжителната регистрација како ДДВ обврзници може да биде закана за малите бизниси, бидејќи ќе им ги зголеми трошоците, затоа што ќе имаат обврска да го пресметуваат и плаќаат ДДВ на издадена фактура, а не на наплатена.

Нови 10.000 фирми ќе пријавуваат и ќе плаќаат ДДВНови 10.000 фирми од почетокот на идната година ќе бидат регистрирани како ДДВ-обврзници, откако со законски измени Владата го симна прагот на задолжителна регистрација од 32.000 илјади евра, на 16 илјади остварен годишен промет, односно еден милион денари.

Фирмите што ќе се регистрираат, на три месеци ќе треба да пријавуваат и да плаќаат ДДВ на реализираниот промет. Односно, тие тримесечно ќе треба да поднесуваат електронски ДДВ пријави и да го плаќаат.

Од Управата за јавни приходи вчера не можеа да се добијат информации каков е интересот на компаниите за регистрирање.

Дел од бизнисмените со кои разговаравме тврдат дека задолжителната регистрација како ДДВ обврзници може да биде закана за малите бизниси, бидејќи ќе им ги зголеми трошоците, затоа што ќе имаат обврска да го пресметуваат и плаќаат ДДВ на издадена фактура, а не на наплатена.

Од друга страна, пак, првиот човек на Управата за јавни приходи, Горан Трајковски, на неодамна одржаната прес-конференција рече дека овие измени се донесени во корист на фирмите и се донесени на нивно барање.

Инаку, во моментов, во земјава се регистрирани 128.000 фирми како даночни обврзници, а од нив 34.000 се ДДВ обврзници.

Според податоците со кои располага УЈП, од идната година може да се очекува да се регистрираат нови 10.305 субјекти како ДДВ обврзници, кои ги исполнуваат условите, односно имаат годишен промет над 16.000 евра. Од нив, 9.060 се правни лица, а 1.245 се трговци поединци.

Арбен Халили, извршен директор на Стопанската комора на северозападна Македонија, објаснува дека фирмите кои се регистрирани како ДДВ обврзници имаат обврска да го пресметуваат и плаќаат данокот на издадена фактура, а не на наплатена. „Сега и компаниите со годишен промет над 16 илјади евра ќе мора да и' платат данок на државата, иако уште ја немаат реализирано наплатата на фактурата. Тие фирми на три месеци ќе мора да плаќаат данок, и потоа да го чекаат повратот на ДДВ. Сумата од 16.000 евра годишен обрт е мала и може да се достигне и за две до три зделки. Со тоа што го платиле данокот, а не ја наплатиле фактурата, на фирмите директно им се зголемуваат трошоците. Можеби сега дел од фирмите ќе бараат начини како да не го достигнат тој праг, што значи може да се префрлат во сивата економија“, вели Халили.

Намалувањето на прагот за регистрација може да ги погоди и дел од земјоделските производители, кои прават годишен промет над 16.000 евра, а сега се регистрирани како фирми, но не и како ДДВ обврзници.

Неодамна, директорот на УЈП изјави дека намалувањето на прагот не се прави за да се полни буџетот на државата, бидејќи малите ДДВ обврзници создаваат негативен ДДВ-ефект. Целта, според него, е да се создадат фер и еднакви услови на пазарот за сите.

Тој објасни кој е бенефитот ако една фирма се регистрира како ДДВ-обврзник. „Сакате да отворите некој мал бизнис, а почетните трошоци за тоа ќе изнесуваат 30.000 евра. Ако сте ДДВ-обврзник, дури и таа година да не направите ни една зделка, имате право на поврат на ДДВ од 5.500 евра, а ако не сте, тие 30.000 евра ви се чист трошок“, објасни директорот.

Трајковски смета дека прагот на регистрација се намалува токму на барање на самите мали бизниси. „Кога една фирма ќе се регистрира како ДДВ-обврзник, таа станува далеку попрепознатлива, поатрактивна и поконкурентна за соработка со големите компании. Тие сакаат да работат со ДДВ-обврзници“, вели Трајковски.

Халили од Стопанската комора на Северозападна Македонија, рече дека за измените на Законот за ДДВ не биле консултирани. „За другите комори не знам, но нашата комора не беше консултирана пред да се донесат овие измени“, ни изјави вчера Халили.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik