Лошите кредити се доближија до половина милијарда евра

Bez autora
Nov 23 2014

Продолжуваат да растат лошите кредити, доближувајќи се опасно до нивото од 500 милиони евра. Заемите чии рати компаниите и граѓаните не можат да им ги отплатат на банките во период од три или повеќе месеци, во октомври годинава веќе се искачиле на 497 милиони евра, или над 12,3 отсто од вкупното кредитно портфолио во земјава. Ова го покажуваат најновите податоци што вчера ги објави Народна банка на Македонија, кои говорат дека само за еден месец, нефункционалните кредити во банкарскиот систем на земјава се зголемиле за цели 17 милиони евра, со оглед што на крајот на септември тие изнесуваа 480 милиони евра.

Лошите кредити се доближија до половина милијарда евраПродолжуваат да растат лошите кредити, доближувајќи се опасно до нивото од 500 милиони евра. Заемите чии рати компаниите и граѓаните не можат да им ги отплатат на банките во период од три или повеќе месеци, во октомври годинава веќе се искачиле на 497 милиони евра, или над 12,3 отсто од вкупното кредитно портфолио во земјава.

Ова го покажуваат најновите податоци што вчера ги објави Народна банка на Македонија, кои говорат дека само за еден месец, нефункционалните кредити во банкарскиот систем на земјава се зголемиле за цели 17 милиони евра, со оглед што на крајот на септември тие изнесуваа 480 милиони евра.

Лошите кредити во земјава растат веќе неколку месеци наназад. Тоа го констатираше и централната банка во својот последен извештај за ризиците во банкарскиот систем во вториот квартал од годинава, каде што се вели дека најзначаен ризик за стабилноста на банките останува кредитниот ризик. „Квалитетот на кредитното портфолио се влоши во вториот квартал на 2014 година. Растот на нефункционалните кредити е поинтензивен кај оние одобрени на претпријатијата, во споредба со домаќинствата. Ова покажува дека закрепнувањето на економската активност и зголемувањето на стапката на раст на македонската економија се' уште не предизвикува позабележителни ефекти врз остварувањата на претпријатијата, кои им се должници на домашните банки. Наспроти подобрувањето во првиот квартал, во вториот настапи одредено влошување на квалитетот на кредитното портфолио. Учеството на нефункционалните во вкупните кредити се зголеми за 0,7 процентни поени и достигна 11,8 отсто. Нагорното движење на нефункционалните кредити продолжи и потоа, при што стапката на нефункционалните кредити во август годинава достигна 12,2 отсто. Со оглед на фактот дека нефункционалните кредити имаат висока покриеност со издвоена исправка на вредноста, опасноста за сопствените средства на банкарскиот систем од нивно евентуално неплаќање е минимална“, се нагласуваше во извештајот на централната банка.

Инаку, во октомври годинава, вкупните кредити одобрени во земјава биле на ниво од 4,037 милијарди евра, што е месечен раст за 27 милиони евра. Притоа, многу повеќе пораснало кредитирањето на граѓаните, кое за еден месец се зголемило за 19 милиони евра, додека кредитирањето на бизнис- секторот има пораст за 8 милиони евра.

Доколку продолжат да растат лошите заеми, има опасност банките повторно да „кренат рачна“ и да ги затегнат своите сега отворени вентили за кредитирање на бизнис-секторот.

Кога станува збор, пак, за депозитите, тие во октомври достигнале 4,487 милијарди евра, или имаат раст за еден месец од 9 милиони евра, што е нешто послабо зголемување од претходните месеци. Притоа, најголеми штедачи повторно се граѓаните, чии штедни влогови во октомври се зголемиле за 21 милион евра, но затоа фирмите пак повлекувале од своите депозити во банките, и тоа околу пет милиони евра во десеттиот месец од годинава.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik