Израелци сакаат да купат банка во Македонија

Bez autora
Nov 24 2014

Израелска компанија била заинтересирана да купи една од банките во земјава, а за таа цел веќе имале разговори и во Народна банка на Македонија. Премиерот Груевски соопшти дека оваа израелска фирма е една од компаниите кои донеле одлука да инвестираат во земјава. Таа, покрај интересот за купување на една од постојните банки во земјава имала намера овде да отвори кол-центар, изградба на рехабилитациски центар во Охрид, како и на спа-центар. Во минативе две недели челниците на една израелска компанија два пати дојдоа во Македонија на финални договори. Таа донесе одлука за отворање кол-центар и веќе почна соработка во Македонија, а бара и луѓе за вработување. Кога ќе почнат со работа, за две недели ќе вработат 40 лица, а за три години планираат да вработат до 2.000 лица, рече Груевски.

Израелци сакаат да купат банка во МакедонијаИзраелска компанија била заинтересирана да купи една од банките во земјава, а за таа цел веќе имале разговори и во Народна банка на Македонија.

Премиерот Груевски соопшти дека оваа израелска фирма е една од компаниите кои донеле одлука да инвестираат во земјава. Таа, покрај интересот за купување на една од постојните банки во земјава имала намера овде да отвори кол-центар, изградба на рехабилитациски центар во Охрид, како и на спа-центар. „Во минативе две недели челниците на една израелска компанија два пати дојдоа во Македонија на финални договори. Таа донесе одлука за отворање кол-центар и веќе почна соработка во Македонија, а бара и луѓе за вработување. Кога ќе почнат со работа, за две недели ќе вработат 40 лица, а за три години планираат да вработат до 2.000 лица“, рече Груевски.

Груевски е задоволен од странските инвестиции во земјава, бидејќи, како што рече, досега донеле 11.000 вработувања. Додека, според него, одлука во последниве месеци дека својот капитал ќе го вложат во земјава донеле повеќе инвеститори, кои планирале нови 13.000 вработувања. Тој е особено задоволен што групата „Веибо“, која пред изборите објави дека ќе инвестира во Македонија и во декември треба да почне со градба на фабрика, а најави дека ќе вработи 4.000 лица, ја ревидирала таа бројка и сега планира вработувања на 5.600 луѓе.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik