Македонија фокусирана на капиталните инвестиции

Bez autora
Nov 25 2014

Македонија има добар економски напредок, лани завршивме со трет најдобар раст на БДП во Европа, а во првата половина од годинава со втор раст на БДП од 4,1 отсто, истакна вчера премиерот Никола Груевски во обраќањето на Виенскиот економски форум. Тој се осврна на чекорите што Република Македонија ги презема на полето на економијата и резултатите од нив потенцирајќи го фокусот на макроекономската стабилност, капиталните инфраструктурни инвестиции и најниските трошоци за правење бизнис во Европа. Фокусирани сме на макроекономската стабилност, државниот долг е ниско умерен и изнесува околу 40 проценти. Фокусирани сме и кон капиталните инвестиции во инфраструктурата. Моментно градиме три автопати и пруга кон Бугарија и она што е значајно за инвеститорите, покрај ангажираната работна сила што Македонија ја поседува, е тоа што имаме најниски трошоци за правење бизнис во Европа, изјави премиерот Груевски.

Македонија фокусирана на капиталните инвестицииМакедонија има добар економски напредок, лани завршивме со трет најдобар раст на БДП во Европа, а во првата половина од годинава со втор раст на БДП од 4,1 отсто, истакна вчера премиерот Никола Груевски во обраќањето на Виенскиот економски форум. Тој се осврна на чекорите што Република Македонија ги презема на полето на економијата и резултатите од нив потенцирајќи го фокусот на макроекономската стабилност, капиталните инфраструктурни инвестиции и најниските трошоци за правење бизнис во Европа.

- Фокусирани сме на макроекономската стабилност, државниот долг е ниско умерен и изнесува околу 40 проценти. Фокусирани сме и кон капиталните инвестиции во инфраструктурата. Моментно градиме три автопати и пруга кон Бугарија и она што е значајно за инвеститорите, покрај ангажираната работна сила што Македонија ја поседува, е тоа што имаме најниски трошоци за правење бизнис во Европа - изјави премиерот Груевски.

На Виенскиот економски форум, еден од најреномираните и најеминентни политичко-економски настани на европскиот континент, присуствуваат и претседателот на Република Австрија Хајнц Фишер, австрискиот премиер Вернер Фајман, албанскиот премиер Еди Рама, црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ, вицепремиерот на Бугарија Томислав Дончев, претседателот на Европската банка за обнова и развоj, Сума Чакрабарти, и поголем број значајни лица од други европски земји или мултилатерални организации.

Австрискиот претседател Хајнц Фишер укажа на посветеноста на Република Австрија за овозможување поддршка за економската и политичката интеграција на регионот на Југоисточна Европа во ЕУ.

- Ние ја поддржуваме европската перспектива на сите земји од регионот на Југоисточна Европа, но не само политички, туку поддржуваме и економски развој и проекти од инфраструктурата во регионот и тоа е исто така потребно за поголема интеграција и на политичко и на економско ниво - рече австрискиот претседател.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik