ЕБОР се подготвува да ја финансира гасификацијата на Македонија

Bez autora
Nov 26 2014

Динамиката на тековните проекти од патната и железничката инфраструктура, кои се спроведуваат со поддршка од 305 милиони евра од ЕБОР и можностите за соработка на идни проекти, како што е воспоставувањето гасификациска мрежа, беа во фокусот на разговорите на премиерот Никола Груевски со претседателот на ЕБОР, Сума Чакрабарти. За овој проект имаме подолг период на разговори и веќе сме во очекување да видиме дали ќе ги издоговориме сите детали во наредниот период. Ние имаме контакти и со други можни поддржувачи на овој проект, така што наредниот месец до два ќе знаеме дали ќе го реализираме овој проект со ЕБОР или со други институции што би биле подготвени да го финансираат, изјави премиерот Груевски.

ЕБОР се подготвува да ја финансира гасификацијата на МакедонијаДинамиката на тековните проекти од патната и железничката инфраструктура, кои се спроведуваат со поддршка од 305 милиони евра од ЕБОР и можностите за соработка на идни проекти, како што е воспоставувањето гасификациска мрежа, беа во фокусот на разговорите на премиерот Никола Груевски со претседателот на ЕБОР, Сума Чакрабарти.

- За овој проект имаме подолг период на разговори и веќе сме во очекување да видиме дали ќе ги издоговориме сите детали во наредниот период. Ние имаме контакти и со други можни поддржувачи на овој проект, така што наредниот месец до два ќе знаеме дали ќе го реализираме овој проект со ЕБОР или со други институции што би биле подготвени да го финансираат - изјави премиерот Груевски.

Претседателот на ЕБОР Чакрабарти, според соопштението од владината служба за информирање, изразил задоволство од досегашната соработка и ја истакнал подготвеноста за дополнителна поддршка на проекти што се од интерес за Република Македонија.

- Соработката со Македонија е едно од најпозитивните партнерства на ЕБОР. Оваа година е рекордна според нивото на инвестиции на ЕБОР во Македонија, кои се во вредност од 240 милиони евра и тоа инвестиции во два големи проекта во областа на градбата на патишта и градбата на железницата од Kоридорот 8 со кој се гордеам, бидејќи се работи за значаен проект за меѓуграничната и регионалната соработка со кој Македонија покажува лидерство. И за во иднина имаме многу добри проекти за соработка не само во инфраструктурата, туку и во областа на енергетиката, поточно во делот на гасификацијата - изјави Чакрабарти по средбата.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik