МТВ: Македонија законски ги субвенционира авиопревозниците

Bez autora
Nov 27 2014

Проектот за доделување на финансиска поддршка за авиопревозници Република Македонија го спроведува согласно меѓународните правни норми, при што го нема прекршено европското законодавство. Ова во вторникот го соопшти македонското Министерството за транспорт и врски по информациите дека Косово ќе ја тужи Македонија заради субвенционирање на авиокомпании. Постапката за доделување на финансиска поддршка на домашни и странски авиопревозници беше внимателно анализирана пред да биде спроведена и истата е во согласност со европското законодавство и принципи, се вели во сооштението. Истовремено се истакнува дека Уредбата за доделување на финансиска поддршка на домашни авиопревозници и постапката за доделување на финансиска поддршка се во согласност со насоките на Заедницата за финансирање на аеродроми и почетна помош на авиопревозници кои оперираат од регионалните аеродроми.

МТВ: Македонија законски ги субвенционира авиопревозницитеПроектот за доделување на финансиска поддршка за авиопревозници Република Македонија го спроведува согласно меѓународните правни норми, при што го нема прекршено европското законодавство.

Ова во вторникот го соопшти македонското Министерството за транспорт и врски по информациите дека Косово ќе ја тужи Македонија заради субвенционирање на авиокомпании.

Постапката за доделување на финансиска поддршка на домашни и странски авиопревозници беше внимателно анализирана пред да биде спроведена и истата е во согласност со европското законодавство и принципи, се вели во сооштението.

Истовремено се истакнува дека Уредбата за доделување на финансиска поддршка на домашни авиопревозници и постапката за доделување на финансиска поддршка се во согласност со насоките на Заедницата за финансирање на аеродроми и почетна помош на авиопревозници кои оперираат од регионалните аеродроми.

Притоа се наведува дека Министерството за транспорт и врски, на барање на Министерството за инфраструкура на Косово уште во 2012 година испратило допис во кој се образложени меѓународните правни норми врз основа на кој се спроведува проектот за доделување на финансиска поддршка за авиопревозници.

Владата на Република Македонија и во наредниот период ќе продолжи со имплементирање на проектот за финансиска поддршка на авиокомпании со цел зголемување на бројот на директни летови до европските дестинации и овозможување на попристапни цени за патниците во Македонија, стои во соопштението.

Косовските медиуми јавија дека косовската влада покренала жалба против Македонија пред Европската комисија, со барање да прекине праксата на субвенционирање на авиобилети,бидејќи на тој начин се нарушувала конкурентноста според европските правила.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik