Просечната плата во септември изнесувала 21.278 денари

Bez autora
Nov 27 2014

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември изнесува 21.278 денари, што е номинално за еден отсто повеќе во однос на истиот месец лани. Според податоците на Државниот завод за статистика, ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна нето-плата во секторите: Уметност, забава и рекреација (7,8 отсто), Градежништво (7,0 отсто) и Рударство и вадење камен (6,6 отсто). Просечната плата на месечно ниво бележи проаст од 61 денар, што се должи на зголемувањето на платите во секторите: Земјоделство, шумарство и рибарство (3,5 отсто), Преработувачка индустрија (2,4 отсто) и Градежништво (1,8 отсто). Во септември 2014 година, 0,9 отсто од вработените во Република Македонија не примиле плата.

Просечната плата во септември изнесувала 21.278 денариПросечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември изнесува 21.278 денари, што е номинално за еден отсто повеќе во однос на истиот месец лани.

Според податоците на Државниот завод за статистика, ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна нето-плата во секторите: Уметност, забава и рекреација (7,8 отсто), Градежништво (7,0 отсто) и Рударство и вадење камен (6,6 отсто).

Просечната плата на месечно ниво бележи проаст од 61 денар, што се должи на зголемувањето на платите во секторите: Земјоделство, шумарство и рибарство (3,5 отсто), Преработувачка индустрија (2,4 отсто) и Градежништво (1,8 отсто).

Во септември 2014 година, 0,9 отсто од вработените во Република Македонија не примиле плата.

Просечната бвруто плата во септември изнесувала 31 169 денари, што е за 0,8 отсто повеќе на годишно ниво.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik