Почна откупот на тутунот, тутунарите бараат повисоки цени

Bez autora
Dec 16 2014

Откупот на тутунот почна во законски определениот рок. Девет регистрирани откупни фирми го почитуваат, со исклучок на „Далија табак“, која од технички причини, се` уште не ги отворила вратите за откуп. Реколтата е со послаб квалитет од лани, поради зголемата влага годинава. Поради тоа, тутунарите се жалат дека родот се проценува класа подолу, па затоа бараат проценките да бидат поблаги. Моментално се соочуваме со тежок проблем, предизвикан од факторот природа. И лани и годинава има преголема заситеност од преголема влага, таа достига и до 37 отсто и не одговара ниту за производителот, ниту за откупните компании. Тутунот им се враќа назад, а тутунарите не знаат, кога повторно ќе бидат повикани. Ние апелираме до откупните фирми, за зголемена динамика, бидејќи немаме каде да го чуваме, а фирмите може да го обработат.

Почна откупот на тутунот, тутунарите бараат повисоки цениОткупот на тутунот почна во законски определениот рок. Девет регистрирани откупни фирми го почитуваат, со исклучок на „Далија табак“, која од технички причини, се` уште не ги отворила вратите за откуп. Реколтата е со послаб квалитет од лани, поради зголемата влага годинава. Поради тоа, тутунарите се жалат дека родот се проценува класа подолу, па затоа бараат проценките да бидат поблаги.

„Моментално се соочуваме со тежок проблем, предизвикан од факторот природа. И лани и годинава има преголема заситеност од преголема влага, таа достига и до 37 отсто и не одговара ниту за производителот, ниту за откупните компании. Тутунот им се враќа назад, а тутунарите не знаат, кога повторно ќе бидат повикани. Ние апелираме до откупните фирми, за зголемена динамика, бидејќи немаме каде да го чуваме, а фирмите може да го обработат. Бидејќи е прв ден, не можеме да кажаме каква е проценката, но имајќи го во вид досегашниот откуп во три фирми, не сме задоволни од проценката. Се враќа тутунот, трул, прегорен... Го замолувам Инспекторатот да изврши контрола на теренот и да се повика на Правилникот, со што ќе се констатираат овие аномалии“, вели Данчо Милески, претседател на Сојузот на тутунски здруженија на Македонија.

Во Крушевско состојбата велат тутунарите е алармантна, бидејќи откупните фирми не се подготвени да го одржуваат тутунот кај нив, па цехот го плаќаат тутунарите.

„Со употреба на влагометрите кои покажуваат над 20 отсто влага, тутунот им се враќа на тутунарите. Па, ако ова влажно време продолжи, тутунот стравуваме дека нема да биде откупен.Со влага од 20,21, 22 отсто влага, тутунот треба да се презема“, вели Илија Тотески, секретар на тутунското здружение „Братство“ од Крушево.

Според Драган Мицкоски, долгогодишен тутунар, нема баш квалитетен тутун, но влагата не е нешто ново во тутунопроизводството. Па откупните фирми мора да „пуштат“ поблага линија.

"Вистина е дека квалитетот е послаб, но откупувачите треба да покажат толеранција, во спротивно тутунот нема да се откупи, и ке биде многу тешко за нас тутунарите, за нашиот опстанок. Досега се вршат проценки по една класа подолу", вели Мицкоски, тутунар од Загорани.

Во законски предвидениот рок вратите за откуп ги отвори и најголемиот откупувач, "Тутунски Комбинат". Таму се врши непречен откуп на планираните околу 3.180 тони. Но, се прават и напори за да се зголемат овие количества.

"Динамиката оваа прва недела, ќе биде околу 80 тони дневно,а втората ке се зголеми. Согласно со договорите со кооперантите краен рок за исплата е 30 дена од денот на предавањето. Но, со оглед на фактот што парите се обезбедени, исплатата ке се реализира и порано", изјави Александар Дерменџиев, генерален директор на "Тутунски Комбинат".

Тутунарите, кои први го предаваа родот, немаат забелешки, а според доверителите, проценката се врши по просечна цена од околу 160 денари за килограм. Годинава на ниво на држава се произведени 30.000, а со договори се покриени околу 25.000 тони, што значи дека неизвесен е откупот на околу 5.000 тони. Тутунарите стравуваат да нема да им се откупат сите количества.

Овој проблем е најмногу изразен во Долненско.

"Има околу 1,5 милион килограми без договор, се надеваме сепак ќе се најде начин и дека ќе се предадат сите количества", вели Муса Ибраимоски.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik