Македонија и Србија за изградба и модернизација на Коридорот 10 до 2016 година

Bez autora
Dec 17 2014

Македонија и Србија се решени да ја заокружат изградбата и модернизацијата на Коридор 10 до 2016 година. Ова заеднички на билатерална средба во Белград го констатирале министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески и српската вицепремиерка и министерка за градежништво, сообраќај и инфраструктура Зорана Михајловиќ, во рамките на Самитот на шефовите на Владата на Кина и 16 земји на Централна и Југоисточна Европа. На средбата се разговараше за крупни инфраструктурни проекти во делот на железничкиот сектор, пред се за подобрување на условите во патничкиот и товарниот сообраќај, како и за други прашања од заеднички интерес. Министерот Јанакиески, изјави дека во јануари 2015 година, на претстојната Заедничка седница на Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија во делот на железничката соработка ќе се потпише билатерална Спогодба за утврдување на гранични процедури за железнички граничен премин Табановце-Прешево, која веќе е усогласена меѓу двете страни.

Македонија и Србија за изградба и модернизација на Коридорот 10 до 2016 годинаМакедонија и Србија се решени да ја заокружат изградбата и модернизацијата на Коридор 10 до 2016 година.

Ова заеднички на билатерална средба во Белград го констатирале министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески и српската вицепремиерка и министерка за градежништво, сообраќај и инфраструктура Зорана Михајловиќ, во рамките на Самитот на шефовите на Владата на Кина и 16 земји на Централна и Југоисточна Европа.

На средбата се разговараше за крупни инфраструктурни проекти во делот на железничкиот сектор, пред се за подобрување на условите во патничкиот и товарниот сообраќај, како и за други прашања од заеднички интерес.

Министерот Јанакиески, изјави дека во јануари 2015 година, на претстојната Заедничка седница на Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија во делот на железничката соработка ќе се потпише билатерална Спогодба за утврдување на гранични процедури за железнички граничен премин Табановце-Прешево, која веќе е усогласена меѓу двете страни.

Воедно, од страна на потпретседателката на Владата и министер за градежништво, сообраќај и инфраструктура Михајловиќ, беше изразена добрата волја за понатамошна соработка  како и размена на позитивни искуства во делокрукот на работа на двете министерства.

Од страна на министерот Јанакиески беа разменети искуствата во делот на имплементирање на Законот за градење и Законот за урбанистичко и просторно планирање, како и упростените процедури за  издавање на одобренија за градење.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik