НБРМ: Закрепнувањето на економија позитивно влијаеше врз банките

Bez autora
Dec 18 2014

Закрепнувањето на домашната економија позитивно влијаеше на деловните банки, депозитите на нефинансиските лица забрзано растеа, додека растот на кредитирањето забави, за сметка на зголемувањето на ликвидната актива, констатирано е во извештајот на НБРМ за третиот квартал. Советот на Народната банка на Република Македонија во четвртокот го разгледа Извештајот за ризиците во банкарскиот систем за третиот квартал за 2014. И покрај тоа што е констатирано забавуавње на ратот на кредитирањето вот реиот квартал, годишни промени покажуваатзабрзан раст и на кредитите. Заедно со заживеаното кредитирање во октомври , промените упатуваат на тоа дека деловните банки очекуваат постепено подобрување во профилот на ризик на кредитната побарувачка, како и на подобрени преносни ефекти од досегашното монетарно олабавување. Позитивниот тренд на промени во валутниот профил на изворите на средства и пласмани на банките продолжи и во 2014 година.

НБРМ: Закрепнувањето на економија позитивно влијаеше врз банкитеЗакрепнувањето на домашната економија позитивно влијаеше на деловните банки, депозитите на нефинансиските лица забрзано растеа, додека растот на кредитирањето забави, за сметка на зголемувањето на ликвидната актива, констатирано е во извештајот на НБРМ  за третиот квартал.

Советот на Народната банка на Република Македонија во четвртокот го разгледа Извештајот за ризиците во банкарскиот систем за третиот квартал за 2014.

И покрај тоа што е констатирано забавуавње на ратот на кредитирањето вот реиот квартал, годишни промени покажуваатзабрзан раст и на кредитите.

Заедно со заживеаното кредитирање во октомври , промените упатуваат на тоа дека деловните банки очекуваат постепено подобрување во профилот на ризик на кредитната побарувачка, како и на подобрени преносни ефекти од досегашното монетарно олабавување. Позитивниот тренд на промени во валутниот профил на изворите на средства и пласмани на банките продолжи и во 2014 година.

Кредитниот ризик и натаму останува во фокусот на вниманието, при што во третиот квартал растот на нефункционалните кредити забрза и нивното учество достигна 12,2%. Сепак, адекватноста на капиталот која изнесува 16,5%, како и високата покриеност на сопствените средства со издвоената исправка на вредност, значи дека банкарскиот сектор и натаму е солвентен и отпорен на хипотетички шокови.  Во услови на позитивни економски движења, а поаѓајќи од постојната структура и кредитно портфолио на банките, како и од ниската ризичност на кредитите кои достасуваат во наредната година, не се очекува позначително натамошно зголемување на нефункционалните кредити.

И на крајот на третиот квартал, ликвидната актива овозможува задоволителна покриеност на краткорочните обврски на банките. Профитабилноста на банкарскиот систем продолжи да се подобрува, а за тоа најмногу придонесоа намалените каматни расходи и намалената исправка на вредноста на финансиските средства на банките. Основните показатели за профитабилноста на банките, повратот на активата и капиталот се двојно зголемени и изнесуваат 0,9% и 7,6% соодветно. Исто така, видно е подобрена и оперативната способност на банките за создавање приходи коишто ги покриваат расходите од нивното работење, с евели во извештајот на НБРМ.

На седницата беше усвоена и Програмата за работа на Народната банка на Република Македонија за 2015 година. Во програмата за работа детаљно се разработуваат планираните активности за наредната година, што овозможува поефикасно следење на статусот на остварувањето на утврдените стратегиски цели од Стратегискиот план на Народната банка за периодот од 2015 до 2017 година.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik