Прогласени најуспешните 100 компании од северозападна Македонија

Bez autora
Dec 18 2014

Свечената промоција на каталогот „Топ 100“, во кој е направен избор на најдобри компании од северозападна Македонија, се одржа во четвртокот во Скопје, а на свеченоста беа доделени и награди за најспешните. Изборот се спроведува по четврти пат, во организација на Стопанска комора на северозападна Македонија, со цел да се промовира силата на компаниите на локалниот пазар. Во име на домаќините се обрати претседателот на СКСЗМ Мендерес Кучи, кој го објасни начинот на избор на најмоќните 100 компании, врз основа на официјалните податоци од ЦРМ, врз принципите на годишен обрт, нето добивка и број на вработени, а покрај стандардните награди ја најави и нововостановената, која се доделува на фирма со најголем раст.

Прогласени најуспешните 100 компании од северозападна МакедонијаСвечената промоција на каталогот „Топ 100“, во кој е направен избор на најдобри компании од северозападна Македонија, се одржа во четвртокот во Скопје, а  на свеченоста беа доделени и награди за најспешните.

Изборот се спроведува по четврти пат, во организација на Стопанска комора на северозападна Македонија, со цел да се промовира силата на компаниите на локалниот пазар.

Во име на домаќините се обрати претседателот на СКСЗМ Мендерес Кучи, кој го објасни начинот на избор на најмоќните 100 компании, врз основа на официјалните податоци од ЦРМ, врз принципите на годишен обрт, нето добивка и број на вработени, а покрај стандардните награди ја најави и нововостановената, која се доделува на фирма со најголем раст.

„Сите овие лица пред мене ги сметам за наши херои, бидејќи развојот на нивните бизнис значи и развој на нашата држава. А за потешкотиите со кои се соочуваме повремено во нашето деловно работење ги споделуваме со министерот за економија, кој ни овозможува партнерски однос меѓу бизнис заедницата и институциите“, истакна Кучи во своето обраќање.

Министерот за економија Беким Незири го изрази своето задоволство што компаниите менаџирани од Албанци во Македонија знаат да покажат успех и на полето на бизнисот и активно учествуваат во економскииот развој на државата.

„Радува фактот што прометот на најголемите 100 најголеми компании во Северозападна Македонија за 2013 година е 524,5 милиони евра, со што тие учествуваат со 3 отсто во вкупниот промет на оваа држава, кој изнесува 17,34 милијарди евра. Притоа, бројот на вработени е 5.600, што е доказ повеќе за растот и развојот на овие компании, а со тоа и на бизнис одлуките и плановите на нивните менаџери“, посочи Незири, потсетувајќи дека буџетот со нагласена капитална компонента, која што е содржана во оние 345 милиони евра капитални инвестиции кои треба да креираат ново производство, нова продуктивност, нова додадена вредност и со самото тоа да бидат еден од двигателите на растот на економијата во текот на следната година кој е проектиран на 4 отсто, ќе им помогне на бизнисмените да прават подолгорочни планови за проширување на бизнисот.

Претставничката на Про кредит банка ја истакна поддршката кон СКСЗМ и партнерскиот однос кој оваа банка го воспоставува со деловните субјекти, а извршниот директор на СКСЗМ, Арбен Халили ги промовираше најуспешните фирми, според утврдените критериуми и ги прогласи наградените.

Меѓу најуспешните за 2013 година се врбоија „Даути комерц“, „Алма-М“, „Еуромедиа“ и „Еуроактива“, а посебната награда за компанија со најголем раст, која ја додели министерот Незири, му припадна на компанијата „Набизи“.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik