Трговците и градежниците најтешко ги враќаат кредитите

Bez autora
Dec 21 2014

Годинава особено растеа депозитите и достигнаа рекордна вредност од 4,487 милијарди евра, со умерено темпо растеа и кредитите и заклучно со октомври беа на ниво од 4,037 милијарди евра, но опасно се зголемија и нефункционалните кредити, кои зафаќаат 12,2 отсто од вкупното кредитно портфолио на банките или околу 500 милиони евра. За разлика од граѓаните кои се редовни плаќачи, од централната банка велат дека во целост лошите заеми се одраз на невраќањето на кредитите од страна на компаниите. Загрижувачки е фактот што се зголемува нивото на кредити кои не можат да ги враќаат, а кои веќе еднаш фирмите се обиделе да ги реструктуираат, односно да го одложат нивното плаќање на повеќе рати.

Трговците и градежниците најтешко ги враќаат кредититеГодинава особено растеа депозитите и достигнаа рекордна вредност од 4,487 милијарди евра, со умерено темпо растеа и кредитите и заклучно со октомври беа на ниво од 4,037 милијарди евра, но опасно се зголемија и нефункционалните кредити, кои зафаќаат 12,2 отсто од вкупното кредитно портфолио на банките или околу 500 милиони евра.

За разлика од граѓаните кои се редовни плаќачи, од централната банка велат дека во целост лошите заеми се одраз на невраќањето на кредитите од страна на компаниите. Загрижувачки е фактот што се зголемува нивото на кредити кои не можат да ги враќаат, а кои веќе еднаш фирмите се обиделе да ги реструктуираат, односно да го одложат нивното плаќање на повеќе рати.

Според податоците од Народна банка на Република Македонија, на крајот на третиот квартал од 2014 година, учеството на нефункционалните кредити во вкупните кредити достигна 12,2 отсто. Кај претпријатијата ова учество се искачи на 16,9 отсто, што е највисоко ниво по 2006 година. Од друга страна, стапката на нефункционалните кредити на домаќинствата продолжи да се намалува и се сведе на најниското ниво по 2008 година.

Од централната банка објаснуваат дека најголем дел од новите нефункционални кредити настанати во текот на кварталот потекнуваат од посткризниот период, а дел од нив се „должи“ и на „лоши“ кредитни одлуки на банките. Според периодот на одобрување, околу 75 отсто од кредитите што добиле нефункционален статус во третиот квартал се одобрени во последните четири години.

„Растот на нефункционалните кредити, и годишно и квартално, во целост произлегува од растот на нефункционалните кредити на претпријатијата и е одраз на влошените остварувања на некои клиенти од дејностите трговија на големо и мало, индустрија, градежништво и дејности во врска со недвижен имот. Во октомври 2014 година, годишната стапка на раст на нефункционалните кредити достигна 16,2 отсто. Нефункционалните кредити на домаќинствата и натаму се на исто ниво, а во нивни рамки се зголемија нефункционалните потрошувачки кредити и кредитите врз основа на издадени кредитни картички, при истовремено намалување на нефункционалните автомобилски кредити“, велат од централната банка.

Според НБРМ, реструктурираните нефункционални кредити зафаќаат 28,2 отсто од вкупните нефункционални кредити. Зачудува фактот што само во третиот квартал од 2014 година, дури 48,1 отсто од новите нефункционални кредити биле претходно реструктурирани. Тоа покажува дека банките задоцнето реагираат кога гледаат дека клиентите не можат навреме да ги сервисираат обврските. Но и дека дел од извршените реструктурирања на кредитните обврски на некои клиенти не биле добро поставени или само се постигнало временско одложување на признавањето на кредитните загуби. Затоа, од централната банка уверуваат дека навременото воочување на финансиските тешкотии на клиентите од страна на банките и, следствено, навременото и правилното реструктурирање на обврските на нивните клиенти се особено значајни за идната динамика на нефункционалните кредити на банкарскиот систем.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik