Фабриката за воздушни перничиња во Кичево ќе почне да се гради

Bez autora
Jan 22 2015

Американската компанија „Кеј Сејфти Системс“ (КСС) за две до три недели ќе започне со изградбата на производствениот погон во слободната економска зона во Кичево. Објектот треба да биде готов до втората половина на ноември и во него до крајот на годинава се планира да се вработат 300 луѓе. Ова го истакна заменик-претседателот за глобално производство на КСС, Џим Скарпа по денешното потпишување на договорите за реализација на инвестицијата. Скарпа потенцира дека во 2016 година се очекува бројот на вработени да се зголеми на 600 до 700, а подоцна да се стигне до конечниот број од илјада вработувања. Во моментов во Кичево КСС има браунфилд инвестиција во постоечки објект во центарот на градот, а 10 работници се наоѓаат на обука во Романија. Скарпа истакна дека наскоро започнуваат со втората фаза од вработување на нови лица за што им се неопходни искусни оператори, техничари и инженери.

Фабриката за воздушни перничиња во Кичево ќе почне да се градиАмериканската компанија „Кеј Сејфти Системс“ (КСС) за две до три недели ќе започне со изградбата на производствениот погон во слободната економска зона во Кичево. Објектот треба да биде готов до втората половина на ноември и во него до крајот на годинава се планира да се вработат 300 луѓе. Ова го истакна заменик-претседателот за глобално производство на КСС, Џим Скарпа по денешното потпишување на договорите за реализација на инвестицијата.

Скарпа потенцира дека во 2016 година се очекува бројот на вработени да се зголеми на 600 до 700, а подоцна да се стигне до конечниот број од илјада вработувања. Во моментов во Кичево КСС има браунфилд инвестиција во постоечки објект во центарот на градот, а 10 работници се наоѓаат на обука во Романија. Скарпа истакна дека наскоро започнуваат со втората фаза од вработување на нови лица за што им се неопходни искусни оператори, техничари и инженери. КСС произведува воздушни перничиња за автомобилската индустрија, појаси и електроника. Има 34 фабрики во 12 земји, а првото производство од Македонија ќе биде наменето за „Шкода“ и за „Фолксваген“.

„Нашиот браунфилд капацитет во Кичево е веќе подготвен и опремата е инсталирана. Првата фаза од вработувањето е речиси готова и во тек е обука на вработените. Започнуваме со втората фаза од вработувањето во која бараме многу искусни оператори, техничари и инженери“, рече Сакрпа. Тој посочи дека се заинтересирани за соработка со локалните снабдувачи и хотели.

Директорот на ТИРЗ, Виктор Мизо, истакна дека на инвестицијата на КСС најдолг, но проектот бил одложен поради светската економска криза и европската финансиска криза. Прецизира дека првиот состанок и посета на Скарп во Македонија бил во октомври 2008 година, а во ноември истата година се сретнале на првото роуд-шоу во Чикаго.

„Нашата истрајност, упорност, континуирана работа и контакти со компанијата на крај вродија со плод. Минатата година компанијата ги потврди плановите за инвестирање и инвестицијата веќе започнува. Во моментов десетина луѓе се во нивните погони во Романија каде што се обучуваат и во средината на февруари треба да започнат со работа“, рече Мизо.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik