Најголеми добитници и губитници на Берзата

Bez autora
Jan 25 2015

Кој заработи, а кој изгуби минатата година од тргување на Македонската берза? Кои акции најмногу скокнаа, а кои паднаа, во која компанија вредеше да се вложат пари? Македонската берза го објави годишниот билтен, од кој може да се извлече заклучок дека македонскиот пазар на капитал може да се пофали со просечни резултати. Вкупниот промет лани изнесуваше 141 милион евра, главниот берзански индекс порасна за 6 отсто, од 1.738,86 индексни поени на крајот на минатата година се искачи на 1.844,00 поени. Најслаб промет бил остварен во јули од само 2,5 милиони евра, а најдобар во октомври од 76 милиони евра, тогаш бил остварен речиси половина од вкупниот промет за цела година.

Најголеми добитници и губитници на БерзатаКој заработи, а кој изгуби минатата година од тргување на Македонската берза? Кои акции најмногу скокнаа, а кои паднаа, во која компанија вредеше да се вложат пари?

Македонската берза го објави годишниот билтен, од кој може да се извлече заклучок дека македонскиот пазар на капитал може да се пофали со просечни резултати. Вкупниот промет лани изнесуваше 141 милион евра, главниот берзански индекс порасна за 6 отсто, од 1.738,86 индексни поени на крајот на минатата година се искачи на 1.844,00 поени. Најслаб промет бил остварен во јули од само 2,5 милиони евра, а најдобар во октомври од 76 милиони евра, тогаш бил остварен речиси половина од вкупниот промет за цела година.

Одличен раст, сепак, забележаа акциите на дел од македонски компании, банки, хотели кои им донесоа одлична заработка на инвеститорите.

Така, на пример, акционерите на „Скопски пазар“ добро се „офајдија“. Акцијата на оваа компанија лани забележа раст од 161 отсто, или ако просечната цена на една акција на „Скопски пазар“ на крајот од 2013 година изнесувала 3.200 денари, на крајот од минатата година пораснала на 8.370 денари. Или заработката од само една акција на „Скопски пазар“ изнесува 5.100 денари.

Втора на топ-пет листата е хотел „Метропол“ во Охрид, чија цена од 111 денари се искачила на 281 денари, заработката изнесува 170 денари по акција.

Акцијата на „Агро Куманово“ од 900 денари во декември 2013, лани се позиционираше на 2.190 денари или е повисока за 1.290 денари.

И на двете големи банки, НЛБ Тутунска банка и на Стопанска банка Скопје, акциите забележаа одличен раст, од 130 отсто, односно 120 отсто.

Профитот од една акција на НЛБ Тутунска изнесува 3.000 денари, а од Стопанска банка Скопје 200 денари по акција. Или една акција на НЛБ Тутунска на крајот од 2013 вредела 2.300 денари, а на 30 декември лани 5.298 денари. На Стопанска банка една акција била 172 денари, а пораснала на 380 денари.

Ова се петте компании од кои лани сте можеле најмногу да профитирате.

Но, кои се фирмите чија вредност на акции најмногу падна.

Прва на листата е „Жито Караорман“ од Кичево. Една акција на оваа компанија на крајот од 2013 вредела 5.869 денари, а во декември лани само 1.000 денари. Минусот е 82 отсто, загубата е 4.869 денари по акција.

Втора од губитниците е „Јака 80“ Радовиш од 291 денар, акцијата на оваа фирма се спушти на 70 денари или загубила 75 отсто од вредноста.

И „Фершпед“ е меѓу губитниците. Акционерите во оваа, една од најголемите шпедитерски компании изгубиле многу. Една акција на крајот од 2013 година се продаваше по цена од 175.651 денари, а во декември лани по 55.500 денари. Минусот е 68 отсто или загубата е 120.000 денари по акција.

Акцијата на „Триглав осигурување“ од 8.730 денари се спушти на 3.900 денари, загубата е 4.830 денари од една акција. И последна на топ-пет листата губитници е МЗТ „Пумпи“, која изгубила 44 отсто од вредноста.

Само дел од компаниите од листата добитници и губитници се и меѓу најтргуваните лани. И натаму најбарани се акциите на најдобрите фармацевтски компании и банки.

Така, на прво место е Комерцијална банка, со истргувани над 300.000 акции, потоа „Алкалоид“ со истргувани 76.912 акции, потоа „Македонски телеком“ - 419.470 акции, од градежната компанија „Гранит“ се истргувани 200.082 акции, на „Скопски пазар“ 4.800 акции, на НЛБ Тутунска банка 22.421 акција.

„И за 2014 година останува генералниот став дека во изминатата година македонскиот пазар на капитал во споредба со странските пазари беше потценет ако се следат одредени параметри и севкупниот раст на македонскиот берзански индекс со раст од 6 отсто. Сепак компаниите кои позитивно изненадија со раст на профитабилноста, за кои постои очекување дека ќе бидат предмет на преземање и за кои постои очекување дека ќе ја зголемат, односно ќе почнат со исплата на дивиденда беа главните акции кои забележаа раст на цените што достигнуваше и до 160 отсто во споредба со претходната година. Од друга страна, пад или стагнација на цените забележаа компаниите кои остварија полоши резултати во однос на минатите години што беше надвор од очекувањата на инвеститори“, вели Горан Марковски од КБ „Публикум“.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik