Горивата поевтинуваат од 1,5 до три денари

Bez autora
Jan 26 2015

Малопродажната цена на горивата се намалува од ноќеска на полноќ од 1,5 до три денари во зависност од нафтениот дериват, соопшти во понеделникот Регулаторната комисија за енергетика. Најмалку поевтинува еуросуперот БС-95 за 1,5 денари за литар, со што новата цена ќе изнесува 59 денари. За два денара се намалува цената на еуросуперот БС-98, на 60,5 денари за литар. Малопродажната цена на еуродизелот (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит и со тоа цената на овој вид гориво ќе изнесува 48,50 ден/лит. Најмногу за три денари поевтинува екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1), кое ќе се продава по 37 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,610 ден/кг, со што новата цената на М-1 НС изнесува 21,282 денари за килограм.

Горивата поевтинуваат од 1,5 до три денариМалопродажната цена на горивата се намалува од ноќеска на полноќ од 1,5 до три денари во зависност од нафтениот дериват, соопшти во понеделникот Регулаторната комисија за енергетика.

Најмалку поевтинува еуросуперот БС-95 за 1,5 денари за литар, со што новата цена ќе изнесува 59 денари.

За два денара се намалува цената на еуросуперот БС-98, на 60,5 денари за литар.

Малопродажната цена на еуродизелот (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит и со тоа цената на овој вид гориво ќе изнесува 48,50 ден/лит.

Најмногу за три денари поевтинува екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1), кое ќе се продава по 37 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,610 ден/кг, со што новата цената на М-1 НС изнесува 21,282 денари за килограм.

Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-то дневен период е за 11,19 % пониска од просечната цена на сурова нафта по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати. Курсот на денарот во однос на доларот, пак,  во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше 52,9475 ден/$ и е за 1,443 % повисок од курсот на доларот по кој беа формирани цените, се вели во образложението на регулаторите.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik