Во старата касарна Илинден - првата финансиска зона

Bez autora
Jan 26 2015

На просторот на воените бараки и полигони во старата касарна „Илинден“ ќе биде новата прва финансиска зона во земјава. Таму ќе се градат деловни центри, а од вкупната површина од 80 хектари, 10 до 20 хектари ќе бидат пренаменета за слободната зона. Всушност, најавите се дека во тој простор треба да бидат изградени незагдувачки деловно-административни згради, како и придружни услужни објекти. Во нив, пак, треба да се сместат банки, осигурителни компании, како и инвестициски фондови, во чиј фокус нема да биде домашниот, туку меѓународниот финансиски пазар. Со цел да се привлечат што повеќе вакви меѓународни корпорации, земјава ќе конкурира со даночни поволности и квалификувана работна сила. Во зоната, според најавите, работењето ќе биде организирано според највисоките меѓународни финансиски стандарди, што, пак, се очекува дека ќе ја позиционира земјава на глобалната финансиска мапа.

Во старата касарна Илинден - првата финансиска зонаНа просторот на воените бараки и полигони во старата касарна „Илинден“ ќе биде новата прва финансиска зона во земјава. Таму ќе се градат деловни центри, а од вкупната површина од 80 хектари, 10 до 20 хектари ќе бидат пренаменета за слободната зона.

Всушност, најавите се дека во тој простор треба да бидат изградени незагдувачки деловно-административни згради, како и придружни услужни објекти. Во нив, пак, треба да се сместат банки, осигурителни компании, како и инвестициски фондови, во чиј фокус нема да биде домашниот, туку меѓународниот финансиски пазар.

Со цел да се привлечат што повеќе вакви меѓународни корпорации, земјава ќе конкурира со даночни поволности и квалификувана работна сила. Во зоната, според најавите, работењето ќе биде организирано според највисоките меѓународни финансиски стандарди, што, пак, се очекува дека ќе ја позиционира земјава на глобалната финансиска мапа. Тоа, пак, се смета дека ќе донесе повеќе придобивки, а меѓу кои е и онаа дека ќе се зголеми бројот на работни места.

Можноста за отворање финансиски зони е предвидена и со финалната верзија од амандманите за промена на Уставот, каде што е наведено дека начинот на функционирање на зоните ќе се уредува со закон. Собранието веќе ги утврди амандманите, меѓу кои е и оној за финансиските зони. За него треба допрва да се гласа, а за да помине во парламентот, е потребно да се обезбеди двотретинско мнозинство.

За финансиските зони зборуваше и премиерот Никола Груевски во своето телевизиско интервју во петокот. „Нашата идеја е да направиме меѓународна финансиска зона во Скопје. Тоа ќе бидат канцеларии каде ќе привлечеме да дојдат меѓународни финансиски институции, банки, осигурителни друштва“, рече Груевски.

Според него, две работи треба да бидат сериозен магнет за меѓународните компании. „Едната е да важат закони кои важат во најкредибилните земји каде што одат финансиите, како што се Англија, Луксембург и слично. Втората е да има многу ниски даноци. Упростено кажано - англиски закони со многу ниски даноци. Тоа очекуваме дека би ги привлекло некои од меѓународните финансиски институции тука да ги отворат своите главни седишта и од тука да раководат дел од своите операции“, објасни премиерот. Државата, како што дополни, нема да добие нешто директно од нив, бидејќи даноците ќе бидат многу ниски. „Тие компании ќе вработат луѓе, ќе ги тренираат вработените да работат по меѓународни стандарди. Тие ќе ангажираат адвокати оттука, сметководители... Тие компании ќе купат имот. Тоа се богати луѓе кои ќе доаѓаат и ќе има страничен ефект на нивно трошење“, рече Груевски во интервјуто.

Неодамна и вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, обелодени дека идната слободна финансиска зона ќе биде сместена најверојатно во просторот каде што е сега касарната „Илинден“ во Скопје. Тој истакна дека во идната зона секој капитал ќе доаѓа од проверен извор. Очекува зоната да профункцинира летово 2015. Првите компании или финансиски друштва, пак, би почнале да работат во 2016 година.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik