Секој вработен ќе знае колку има работен стаж

Bez autora
Jan 28 2015

Секој вработен ќе знае колку има работен стаж. Од 15 јануари годинава Фондот за пензиско и инвладиско осигурување (ПИОМ) почна со проект за доставување на податоци за стажот и за платите на секој осигуреник. Досега, според евиденцијата, Фондот на ПИОМ извештаи за годините на пензиско осигурување и платите им доставил на 318.000 осигуреници. За првите шест месеци од годинава, овие податоци вработените ќе ги добиваат преку работодавецот, односно од фирмата каде што работат. Во втората половина од 2015 година, ваквите извештаи секој вработен ќе може да ги добива по електронски пат. Доставувањето на прегледите на осигурениците ќе се врши два пати годишно и тоа најдоцна до 15 февруари и до 15 јули секоја година.

Секој вработен ќе знае колку има работен стажСекој вработен ќе знае колку има работен стаж. Од 15 јануари годинава Фондот за пензиско и инвладиско осигурување (ПИОМ) почна со проект за доставување на податоци за стажот и за платите на секој осигуреник.

Досега, според евиденцијата, Фондот на ПИОМ извештаи за годините на пензиско осигурување и платите им доставил на 318.000 осигуреници. За првите шест месеци од годинава, овие податоци вработените ќе ги добиваат преку работодавецот, односно од фирмата каде што работат. Во втората половина од 2015 година, ваквите извештаи секој вработен ќе може да ги добива по електронски пат. Доставувањето на прегледите на осигурениците ќе се врши два пати годишно и тоа најдоцна до 15 февруари и до 15 јули секоја година.

Оваа новина за синдикалците и работодаваците е бенефит за работниците затоа што отсега тие навреме ќе имаат увид во работниот стаж и дали има некои пропусти, а не како досега дури кога ќе одат во пензија. Тие уште сметаат дека ваквиот начин ќе придонесе за поголема ажурност и ефикасност во донесувањето на решенијата за пензија.

„Навременото информирање ќе придонесе за поголема ефикасност во донесувањето на решенијата за правата од пензиско и инвалидско осигурување бидејќи податоците за стаж и плати ќе бидат целосни и точни, што ќе претставува добра основа за брзо одлучување за правото и висината на пензијата“, изјави претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Живко Митревски.

Ваквите измени биле иницирани од социјалните партнери и Економско-социјалниот совет кои оцениле дека со нив ќе им се помогне на работниците и на граѓаните да имаат податоци за платеното пензиско осигурување и стажот.

Работодавците напоменуваат дека спроведувањето на проектот ќе предизвика определени трошоци за нив, но и дека се работи за позитивен чекор кој им оди во прилог на работниците.

„Идејата е добра затоа што досега работниците кога ќе заминеа во пензија одеа во ПИОМ, каде што бараа да им се провери стажот. Сега тоа ќе се прави навреме и мислам дека е добро за сите. Од првите резултати што ги имаме се гледа дека има многу пропусти во стажот, особено за годините пред да почне процесот со електронското плаќање. Сега секој работник ќе може да направи увид и да реагира кај нас за потоа да може нашите служби во контакт со Фондот на ПИОМ да ги исправат грешките“, вели Ангел Димитров од Организацијата на работодавци на Македонија.

За самовработените лица и за индивидуалните земјоделци ќе се доставуваат прегледите на адресата која тие ја оставиле при приемот во задолжителното пензиско и инвалидско осигурување.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik