Девизните резерви на содветно ниво, кредитната поддршка зајакната

Bez autora
Jan 29 2015

Последните макроекономски остварувања укажуваат на натамошно одржување на девизните резерви на соодветно ниво, намалени инфлациски притисоци и зајакната кредитна поддршка на економскиот раст од страна на банкарскиот сектор, констатира во четвртокот Советот на Народната банка на Република Македонија. Излегувањето од зоната на приспособлива монетарна политика во следниот период ќе зависи од промените на надворешната позиција на економијата и ефектите врз девизните резерви, се вели во соопштението. Како главен двигател на растот останува извозниот сектор, што во најголема мера е одраз на искористеноста на новите извозни капацитети.

Девизните резерви на содветно ниво, кредитната поддршка зајакнатаПоследните макроекономски остварувања укажуваат на натамошно одржување на девизните резерви на соодветно ниво, намалени инфлациски притисоци и зајакната кредитна поддршка на економскиот раст од страна на банкарскиот сектор, констатира во четвртокот Советот на Народната банка на Република Македонија.

Излегувањето од зоната на приспособлива монетарна политика во следниот период ќе зависи од промените на надворешната позиција на економијата и ефектите врз девизните резерви, се вели во соопштението.

Како главен двигател на растот останува извозниот сектор, што во најголема мера е одраз на искористеноста на новите извозни капацитети. Во општи рамки, инвестициската активност даде силен импулс, а приватната потрошувачка продолжи да расте поддржана од растот на расположивиот доход, надополнет со зголемените кредитни текови од домашните банки распределени кај секторот „население“. Структурата на растот во третиот квартал е поповолна, со поголем придонес на инвестициската за сметка на приватната потрошувачка.

Во рамки на надворешниот сектор, во третиот квартал од 2014 година тековната и капиталната сметка забележаа суфицит од 120,4 милиони евра, или 1,4% од БДП, што е нешто подобра позиција на тековната сметка во однос на очекувањата, при подобро трговско салдо. Задолжувањето на државата на меѓународниот пазар беше главниот извор на девизните приливи, при што поволните услови беа искористени за обезбедување предвремено финансирање на идните буџетски потреби. Согласно со последните расположливи податоци за четвртиот квартал на 2014 година, девизните резерви беа речиси непроменети на квартална основа, а нивната динамика беше нешто поповолна од предвидената во рамки на октомвриската проекција.

Во текот на последниот квартал, кредитната активност продолжи да се зголемува, при што придонесот на кредитирањето на корпоративниот сектор за вкупното кредитирање се зголеми во однос на просечниот придонес во првите три квартали. На крајот на декември, вкупните кредити беа повисоки на годишна основа за 10%, при што прирастот на кредитите во 2014 година беше поголем во однос на истиот во претходната година за 1,6 пати.

Советот на Народната банка го разгледа најновиот Квартален извештај, при што е констатирано дека каматната стапка на аукциите на благајничките записи е задржана на 3,25%. Одлуката основната каматна стапка да не се промени беше заснована врз последното преоценување на макроекономските проекции на НБРМ од октомври и на остварувањата кај клучните макроекономски и финансиски показатели, кои потврдија постоење амбиент на солиден домашен економски раст, којшто не создава нерамнотежи преку инфлациски притисоци или притисоци за намалување на девизните резерви.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik