Индустријата во 2014 порасна за 4,8 отсто

Bez autora
Jan 29 2015

Цела ланска година индустриското производство растело, најмногу капиталните производи за 48,5 отсто, а пад од дури 99 отсто имало кај производството на кокс и нафтени производи, поради неработењето на „Окта“. Индустриското производство во 2014 година оствари раст од 4,8 отсто, а во декември лани, во споредба со истиот месец од претходната година растот бил само 0,7 отсто. Во текот на минатата година сите месеци во континуитет индустријата бележеше пораст. Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, по групи, најголем раст во текот на минатата година имало кај капиталните производи од 48,5 отсто, потоа кај производството на електрична опрема од над 30 отсто, преработката на дрво од над 20 отсто, производството на хемиски препарати од 11,2 отсто и фармацевтските производи од над 5 отсто.

Индустријата во 2014 порасна за 4,8 отстоЦела ланска година индустриското производство растело, најмногу капиталните производи за 48,5 отсто, а пад од дури 99 отсто имало кај производството на кокс и нафтени производи, поради неработењето на „Окта“.

Индустриското производство во 2014 година оствари раст од 4,8 отсто, а во декември лани, во споредба со истиот месец од претходната година растот бил само 0,7 отсто. Во текот на минатата година сите месеци во континуитет индустријата бележеше пораст. Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, по групи, најголем раст во текот на минатата година имало кај капиталните производи од 48,5 отсто, потоа кај производството на електрична опрема од над 30 отсто, преработката на дрво од над 20 отсто, производството на хемиски препарати од 11,2 отсто и фармацевтските производи од над 5 отсто.

Преработувачката индустрија лани регистрирала зголемување од 9 отсто, производството на тутун било со раст од 5,6 отсто, текстилот од 6,5 отсто и облека пораснала за 4,6 отсто. Најголем пад од 99 отсто е регистриран кај производството на кокс и нафтени производи, поради не работењето на рафинеријата „Окта“.

На индустриското му тргна солидно уште од почетокот на 2014, со плус од 6,4 отсто во јануари, продолжувајќи го растечкиот тренд и во февруари од 4,1 проценти, во март само за 0,6 проценти, во април од 2,2 отсто, во јуни за 4,9, во јули 5,9 и во август за 1,3 отсто повеќе во споредба со истиот месец во 2013 година. Најголемиот скок индустриското го достигна во септември, од 9,1 отсто, а во октомври продолжи растот со 7,5 отсто, па во ноември од 5,8 отсто и во декември од 0,7 отсто.

Во декември лани индустријата забележала, фактички, најслабите резултати. Гледано по сектори, индустриското производство: рударството и вадење на камен во декември 2014 година, во однос на истиот месец 2013 година, бележи опаѓање од 6,6 отсто, секторот преработувачка индустрија бележи пораст од 2,7 отсто, а секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 5 отсто. Според главните индустриски групи, производството во декември лани, во однос на декември претходната година, пораст има кај интермедијарни производи, освен енергија за 8 отсто, капитални производи за 47,1 отсто и трајни производи за широка потрошувачка за 16,9 отсто, додека опаѓање бележи енергијата за 12,2 отсто.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik