Поддршка од 35 милиони денари за извоз на флаширано вино

Bez autora
Feb 01 2015

Нови 35 милиони денари финансиска поддршка од Владата се обезбедени годинава за винарниците и земјоделските преработувачки претпријатија кои ќе ги искористат за зголемување на квалитетот на производот и на извозот на флаширано вино и на земјоделски производи во амбалажа. Програмата се спроведува неколку години. Има позитивно влијание и за компаниите и за девизниот прилив и придонесува за континуиран раст на извозот. Портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев информираше дека Владата ја усвои Програмата за финансиска поддршка на маркетинг на земјоделски производи за 2015 година која е фокусирана кон винарниците и земјоделските компании кои извезуваат на странски пазари преработени производи во амбалажа.

Поддршка од 35 милиони денари за извоз на флаширано виноНови 35 милиони денари финансиска поддршка од Владата се обезбедени годинава за винарниците и земјоделските преработувачки претпријатија кои ќе ги искористат за зголемување на квалитетот на производот и на извозот на флаширано вино и на земјоделски производи во амбалажа. Програмата се спроведува неколку години. Има позитивно влијание и за компаниите и за девизниот прилив и придонесува за континуиран раст на извозот.

Портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев информираше дека Владата ја усвои Програмата за финансиска поддршка на маркетинг на земјоделски производи за 2015 година која е фокусирана кон винарниците и земјоделските компании кои извезуваат на странски пазари преработени производи во амбалажа.

"Фокусот е зголемување на квалитетот на земјоделските производи пред се' во инвестиции во покривање на трошоците што ги прават домашните компании во поглед на изработка на амбалажата. На тој начин ќе се влијае на тој степен на додадена вредност кој обезбедува и повисок профит за самите компании, бидејќи амбалажираниот производ има повисока цена на пазарите во странските земји, а да се мотивира и развој на технологијата на производство на компаниите што ќе има ефект и на останатите сектори што се поврзани со земјоделското производство", изјави портпаролот Ѓорѓиев.

Винарниците можат да добијат 20 проценти од вкупната вредност на направени трошоци за амбалажа на извезено флаширано вино, односно до 6 денари по извезено шише вино. За земјоделските компании помошта се однесува на производи од конзервната индустрија кои се извезуваат во стаклена амбалажа. Помошта ќе се исплаќа во висина до најмногу 4 денари по килограм извезен производ и е наменета да покрие дел од трошоците за стаклена амбалажа, капак, етикети и друго.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik