Со задруги до конкурентно земјоделство

Bez autora
Feb 26 2015

Тука сме да ги чуеме искуствата на соседните држави, да размениме искуства, се' со цел да го развиеме задругарството како еден од битните предуслови како да се обезбеди конкурентно земјоделско производство, како по квантитет така и по квалитет, производ што ќе може да се понуди на домашниот и на странските пазари, истакна министерот за земјоделство Михаил Цветков на регионалната конференција „Земјоделски задруги – придвижувачи на промени“, која во организација на Асоцијацијата на земјоделски задруги на Македонија се одржува во Охрид. Пред претставници на асоцијациите на земјоделски задруги од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Албанија, Хрватска и Словенија, Цветков ги претстави сите мерки што државата ги презема во однос на задругарството, меѓу кои финансирањето на апликациите за набавка на земјоделска опрема, обезбедување обуки за задружните произведувачи, ангажирањето менаџери за помош на задругите и слично.

Со задруги до конкурентно земјоделство„Тука сме да ги чуеме искуствата на соседните држави, да размениме искуства, се' со цел да го развиеме задругарството како еден од битните предуслови како да се обезбеди конкурентно земјоделско производство, како по квантитет така и по квалитет, производ што ќе може да се понуди на домашниот и на странските пазари“, истакна министерот за земјоделство Михаил Цветков на регионалната конференција „Земјоделски задруги – придвижувачи на промени“, која во организација на Асоцијацијата на земјоделски задруги на Македонија се одржува во Охрид.

Пред претставници на асоцијациите на земјоделски задруги од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Албанија, Хрватска и Словенија, Цветков ги претстави сите мерки што државата ги презема во однос на задругарството, меѓу кои финансирањето на апликациите за набавка на земјоделска опрема, обезбедување обуки за задружните произведувачи, ангажирањето менаџери за помош на задругите и слично.

„Здружувањето на постојните капацитети, со заедничко обезбедување средства за механизација и по пат на здружување на земјоделските површини, ги прави земјоделците помоќни“, истакна Цветков.

Матијаш Подмилшак, претставник на Задружната асоцијација на Словенија, укажа на можностите што се нудат за производителите за настап на огромниот европски пазар.

„Организирањето на производителите во форма на земјоделски задруги е можеби единствениот начин да се издржат силните притисоци на развиените економии. Големите производители од Европа имаат огромни предности како развиена технологија, знаења, така што задругарството е можеби единствената форма што им овозможува на помалите производители поекономично и рационално дејствување“, нагласи тој.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik