Најголеми инвеститори во земјава Швајцарија и Карипските острови

Bez autora
Mar 01 2015

Владата очекуваше 300, а 2014 ја завршивме со 262 милиони евра странски инвестиции или за 10 милиони евра повеќе од 2013 година. Сепак, може да се оцени дека минатата беше една од подобрите инвестициски години. Најголеми странски вложувања влегле последните два месеца од 2014 како и во февруари и март по над 35, 37 милиони евра и 44 милиони евра. Најлош месец лани бил октомври кога наместо влез имало одлив од нешто над 9 милиони евра и јуни кога влегле само 1,58 милион евра. Од последните бројки на Народна банка на Македонија за цела 2014 година може да се види дека на сопственички капитал и реинвестирана добивка отпаѓаат само 5,84 милиони евра, на вложувања на директниот инвеститор во фирмата во која се инвестира, околу 68 милиони евра, голем минус има во графата повторно вложување, од 177 милиони евра, и 10 милиони евра се во графата вложувања меѓу хоризонтално поврзани претпријатија.

Најголеми инвеститори во земјава Швајцарија и Карипските островиВладата очекуваше 300, а 2014 ја завршивме со 262 милиони евра странски инвестиции или за 10 милиони евра повеќе од 2013 година.

Сепак, може да се оцени дека минатата беше една од подобрите инвестициски години. Најголеми странски вложувања влегле последните два месеца од 2014 како и во февруари и март по над 35, 37 милиони евра и 44 милиони евра. Најлош месец лани бил октомври кога наместо влез имало одлив од нешто над 9 милиони евра и јуни кога влегле само 1,58 милион евра.

Од последните бројки на Народна банка на Македонија за цела 2014 година може да се види дека на сопственички капитал и реинвестирана добивка отпаѓаат само 5,84 милиони евра, на вложувања на директниот инвеститор во фирмата во која се инвестира, околу 68 милиони евра, голем минус има во графата повторно вложување, од 177 милиони евра, и 10 милиони евра се во графата вложувања меѓу хоризонтално поврзани претпријатија.

Народна банка објави податоци и од кои земји влегле најголемиот дел од ланските инвестиции. Околу 127 милиони евра се од Швајцарија, но интересен е фактот што лани биле вложени 53 милиони евра од еден од даночните реави, островите во Карипско Море, Сент Винсент и Гренадини. Од Обединетото кралство биле инвестирани 44 милиони евра, а од Унгарија 43 милиони евра. Најголемо повлекување има од Франција над 109 милиони евра.

Владини претставници во повеќе наврати во текот на минатата година истакнуваа дека 2014 очекуваат да заврши со околу 300 милиони евра СДИ. Но, минатата е слична на 2013 година, со странски инвестиции од 262 милиони евра. Како најуспешни години досега на планот на привлекувањето на инвестиции се' уште остануваат 2007, со околу 506 милиони евра и 2008 кога биле инвестирани 400 милиони евра. Следната 2009 година, кога длабоко навлезе кризата, заврши со 144 милиони евра инвестиции, 2010 имаше 160 милиони евра, а веќе во 2011 инвестициите се искачуваат на 344 милиони евра, за во 2012 година да се спуштат повторно на 111 милиони евра.

За годинава Владата најави влез на нови 25 странски компании, додека во 2014 повеќе од 20 фирми од странство објавија дека ќе инвестираат во земјава или ги започнаа активностите. Меѓу нив се: ОДВ „Електрик“ , КСС, „Маркарт“, „Диатек“, „Техникл текстајл“, „Антура“, „Етанол Јуроп“, „ДуПонт“, „Монтанте“, „Амфенол“, ВЕИБО...

Вчера премиерот Никола Груевски најави уште една нова инвестиција од САД, од автомобилската индустрија, која ќе гради фабрика и ќе вработи 2.500 лица. Таа ќе биде лоцирана во поголем град во северозападна Македонија и во неа ќе се вработат 2.000 до 2.500 лица.

Според очекувањата на Владата, во наредните два месеца компанијата сама ќе ја објави инвестицијата.

„Ме радува што има потреба од доста вработувања. Ќе добијат квалитетна работна сила, а многу луѓе од тој регион ќе најдат работа, ќе ги згрижат своите семејства со заработувачката што ќе ја остваруваат во таа фабрика“, рече Груевски, по пуштањето во употреба на спортската сала во ОУ „Гоце Делчев“ во село Љубанци во Бутел.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik