Ќе се отвораат брендирани продавници за вино

Bez autora
Mar 02 2015

Унифицирани и специјализирани продавници за продажба на вино со потекло од Македонија ќе се отвораат во Берово, Кавадарци, Струмица, Прилеп, Битола и Крушево. Со нив ќе се овозможи зголемена достапност на македонските вина до домашните и странските потрошувачи, промоција на сите вина произведени во Македонија и зголемена препознатливост на македонските вина. Унифицираните продавници ќе се отвораат со финансиска помош од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој која распиша повик за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015 година.

Ќе се отвораат брендирани продавници за виноУнифицирани и специјализирани продавници за продажба на вино со потекло од Македонија ќе се отвораат во Берово, Кавадарци, Струмица, Прилеп, Битола и Крушево. Со нив ќе се овозможи зголемена достапност на македонските вина до домашните и странските потрошувачи, промоција на сите вина произведени во Македонија и зголемена препознатливост на македонските вина.

Унифицираните продавници ќе се отвораат со финансиска помош од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој која распиша повик за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015 година.

„Со мерката се воспоставува и корпоративен и бренд идентитет на специјализираните продавници во кои ќе се продаваат македонски вина. Со тоа се унифицира и специфицира бренд логото во македонска и англиска верзија, пакувањето на продадените вина, работната облека на вработените во продавницата, излогот на продавницата и целосното ентериерно решение на продавниците“, се потенцира во повикот.

Агенцијата ќе финансира завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот. Ќе се надоместат 50 проценти од направените трошоци за опремување на продавницата со исклучок на инвестициите за помошни и санитарни простории, но не повеќе од 1.500.000 денари, потоа 50 проценти од износот на годишнината закупнина , но не повеќе од 30.000 денари месечно и најмногу две просечни плати во дејноста за две лица вработени за продажба на вино во продавницата.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ќе додели помош и на млади земјоделци за започнување со земјоделска дејност и за инвестиции за зголемување на економската вредност на шумите. Финансиската поддршка за првата намена, се исплаќа по принцип на ко-финансирање на завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина од 50 проценти од вредноста, а за втората максимална вредност на помошта изнесува до 600.000 денари.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik