Од 7.000 до 23.000 евра за отворање нови работни места

Bez autora
Mar 03 2015

Мерките за кредитирање за отворање нови работни места и за поттикнување на самовработувањето и формирањето сопствени бизниси се многу успешни, што се гледа и од големиот процент на лица што аплицирале и учествувале во искористувањето на овие мерки. Приоритет на Владата е отворање нови работни места за невработените лица, особено за младите лица до 29 години. Токму поради тоа, дизајниравме две посебни мерки за кредитирање, односно кредитирање за отворање сопствен бизнис за млади лица до 29 години и кредитирање на микро и мали компании за отворање нови работни места за млади лица до 29 години. Отворени се огласите и сите заинтересирани можат да аплицираат, рече Спасов.

Од 7.000 до 23.000 евра за отворање нови работни местаМерките за кредитирање за отворање нови работни места и за поттикнување на самовработувањето и формирањето сопствени бизниси се многу успешни, што се гледа и од големиот процент на лица што аплицирале и учествувале во искористувањето на овие мерки.

„Приоритет на Владата е отворање нови работни места за невработените лица, особено за младите лица до 29 години. Токму поради тоа, дизајниравме две посебни мерки за кредитирање, односно кредитирање за отворање сопствен бизнис за млади лица до 29 години и кредитирање на микро и мали компании за отворање нови работни места за млади лица до 29 години. Отворени се огласите и сите заинтересирани можат да аплицираат“, рече Спасов.

Појасни дека за мерката самовработување со кредитирање за млади лица до 29 години, може да искористат до 7.000 евра за самовработување за подносителот, односно кредитобарателот доколку е младо лице до 29 години и дополнителни 4.000 евра за секое ново вработување во вкупен износ до 23.000 евра во денарска противвредност за отворање сопствен бизнис и за вработување плус четири невработени лица.

Грејс-периодот е значително зголемен за младите лица, односно изнесува една и пол година и плус пет и пол години рок за отплата, односно вкупен рок за отплата од седум години со каматна стапка од само 1 процент.

„Предвидуваме и посебна мерка за отворање нови работни места, односно за стимулирање на создавањето нови работни места за млади лица до 29 години во микро и мали компании. Сите заинтересирани приватни компании можат да аплицираат за оваа мерка и да искористат финансиски средства во износ од 4.000 евра за секое новоотворено работно место, до три работни места, односно во вкупен износ од 12.000 евра со грејс- период од една година и две години рок за отплата со каматна стапка од 1 процент“, потенцира Спасов.

Сите овие четири мерки резултираат со навистина значителен број постигнати вработувања, односно вкупно постигнати вработувања 4.179 од кои лица кои се' уште се со статус вработени - 3.828 лица се се' уште на работа, додека пак за младите лица се постигнати вработувања од 1.338, а се' уште се на работа 1.318 од почетокот на реализацијата на оваа мерка, односно од 2007 до крајот на 2014 година.

Укажа дека би сакал да ги поттикне сите приватни компании, микро и мали компании кои се заинтересирани да отворат нови работни места, да ја искористат оваа поволна можност, односно поволни кредити за стимулирање на отворањето работни места за дополнителни финансиски средства и сите заинтересирани млади лица за самовработување и за отворање сопствен бизнис да ја искористат оваа можност од 7.000 евра до 23.000 евра да земат во вид на кредит со каматна стапка од 1 процент и една и пол година грејс-период и седум години рок на враќање.

Директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Влатко Поповски, рече дека ова е трет оглас за оваа година од кредитирање, а од денеска секој прв понеделник во месецот ќе излегува огласот, ќе трае 10 работни дена и сите заинтересирани кои нема да успеат во овој рок да се пријават во наредните 10 дена, ќе можат наредниот месец да поднесат апликација.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik