„Избор на жени - менаџери 2015“ - Амбициозни и успешни во работата и семејството

Bez autora
Mar 29 2015

Избрани се десетте најуспешни жени-менаџери за 2014 година. Манифестацијата „Избор на жени-менаџери“, во организација на агенцијата „Марили“, годинава се одржа по 19. пат во центарот „Сити хол“. Таа овој пат беше збогатена со тематски ден: „Здравјето и убавината во функција на современата жена“. Со цел да се поттикне сознанието дека жената-менаџер, како и секоја друга современа жена, меѓу постојаниот напор за постигнување професионални резултати и обврските во семејството, мора да води сметка и за своето здравје, нега и убавина.

„Избор на жени - менаџери 2015“ - Амбициозни и успешни во работата и семејствотоИзбрани се десетте најуспешни жени-менаџери за 2014 година. Манифестацијата „Избор на жени-менаџери“, во организација на агенцијата „Марили“, годинава се одржа по 19. пат во центарот „Сити хол“. Таа овој пат беше збогатена со тематски ден: „Здравјето и убавината во функција на современата жена“.

Со цел да се поттикне сознанието дека жената-менаџер, како и секоја друга современа жена, меѓу постојаниот напор за постигнување професионални резултати и обврските во семејството, мора да води сметка и за своето здравје, нега и убавина.

Мара Акимовска - маркетинг-менаџер „Ел фарма“

Таа е речиси две децении зад кормилото на раководни позиции, директор или менаџер. Акимовска е магистер по фармација, позитивна, со цврсти ставови, амбициозна, истрајна, особено креативна и комуникативна. Нејзиното мото е „работи го она што го сакаш“. Сопруга и мајка на две ќерки која изворот на енергија го црпи од хармонијата.

Тања Анѓушева - медицински директор во „Филип Втори“

Г-ѓа Анѓушева 15 години е дел од високостручниот тим, сведок и учесник на 17. 000 реализирани операции и 300. 000 дијагностички прегледи и интервенции. Таа е дел од молитвите за среќно вратеното здравје, организирана е и динамична, децидна и однапред поставува цели и задачи. Ужива во уредувањето на домот и се релаксира со класична музика или книга, декорирањето и уредувањето на животниот простор од неа прават вистински уметник.

Даниела Дабеска - генерален менаџер на резиденцијата „Дабески“

Магистер по бизнис и администрација, таа е веќе 9 години на позицијата директор во признати институции. Од лани е прв човек на Установата за социјална заштита на возрасни лица, резиденцијата „Дабески“. Исклучително е хумана, отворена за разговор, расположена и многу динамична. Ги сака предизвиците, затоа што има клуч за решенијата. Нејзиното мото е: „храброст – интуиција – упорност“ . Речиси две и пол децении е во брак, мајка е на 17-годишна тинејџерка, ги сака филмската уметност и театарот.

Кармен Михајлоска - велнес-тренер во „Интернешенел милионер тим енд Херба лајф“

Горда е на своите 23 години, како основач и директор на сопствена компанија за здрав и активен живот. Како студент по англиски и француски јазик во Љубљана, не беше свесна во какви храбри менаџерски води се нурнува. Лидерските вештини покажаа дека го избрала вистинскиот пат. Упорна е, истрајна, гради одлични меѓучовечки односи и бизнис-релации. Верува во мотото дека за секој проблем има решение. Сопруга и мајка на две деца. Семејството и' е оаза за сите животни моменти, сака природа и ужива на часови по зумба.

Елизабета Пановска - генерален менаџер на „Бета медико“

Нејзината постојана едукација создаде визија за сопствена фирма. Се соочува со сите проблеми, но брзо наоѓа решенија. Филолог по професија, а знаењето на странски јазици и' помага во комуникацијата со странски бизнис-партнери и соработници. Не се плаши од конкуренција затоа што сака секогаш да го има најдобриот и најквалитетен производ. Сопруга и мајка на три деца, со кои ужива додека возат велосипеди, ја истражуваат природата, освојуваат дестинации.

Бранка Славеска - генерален директор на „Хајнекен“

Ведра и расположена, позитивна и насмеана. На прашањето како една Македонка успеа да стане претседател на „Карловачка пивовара“, со леснотија одговара дека учела од најдобрите компании во Македонија. Таа самата е неверојатен двигател, повеќе од една година е на позицијата генерален менаџер на „Хајнекен“. Едуцирана, одговорна, совршено организирана. Машински инженер по професија, со магистратура на „Шефилд“ и Лондонската школа за бизнис, од каде што има сертификат за стратешки менаџмент и лидер. За неа нема нерешливи работи. Сопруга и мајка на тригодишен син, секоја слободна секунда ја користи со најблиските.

Олгица Спасевска - директор на оддел за човечки ресурси – Шпаркасе банка

Во банкарството е повеќе од 15 години. Правник по професија која и' помага да ги усогласи ставовите, односите, потребите и интересите. Умее да создаде баланс и да ужива во таа синергија. Верува цврсто дека успехот е последица на напорната работа. Отворена е за предизвици и промени, современа и практична. Секој слободен миг го посветува во друштво на сопругот и двата сина. Ужива со синовите додека летаат хартиени авиони и дискутираат за моќта на Бетмен. Сака патувања и нови дестинации.

Анита Спасовска - генерален извршен директор во „Бучен козјак“, Куманово

Извршната позиција секојдневно ја турка во нови предизвици, управување и менаџирање во процесите на прехранбената индустрија. Магистер по економски науки, Спасовска вели дека успехот не доаѓа одеднаш, туку се ѕида скала по скала. Верува на својот тим со кој успешно соработува и секојдневно го мотивира. Нејзиното мото е: „не задоволувај се со просечноста, секогаш барај подобро“. Сопруга и мајка која од своите деца ги црпи убавата енергија и љубовта. Дава предност на вкусната домашна храна и со љубов ја приготвува.

Оливера Стојановска - управител во „Медикус“

Своите први бизнис-чекори ги наследува и ги учи од својот татко. Набргу напредува благодарение на своите комуникациски вештини, организираност и преговори со партнерите и купувачите. Дипломира на Електротехничкиот факултет. Истрајна е, коректна, стрплива и динамична. Ако не беше менаџер и ИТ-експерт, сигурно ќе уживаше во преводите од италијански јазик. Но, современата жена во неа ги обедини сите нејзини вештини. Слободното време го користи во друштво на своите блиски и пријатели, сака животни, практикува јога која и' носи хармонија и баланс.

Љубица Џониќ, - менаџер на „Аграр плус“, село Црничани – Дојран

Уште една интересна животна приказна, можеби за документарен филм. Самохрана мајка во рурална средина која се откажува од социјалната помош, зашто верува во своите квалитети и во желбата на своето дете да му овозможи поубав живот. Со своите иновации, започнува производство на градинарски производи. Знаењето од Машинскиот факултет го насочува во земјоделската практика, се надградува со семинари, работилници, обуки, конференции... Домот го водат три генерации жени кои заедно ги решаваат сите проблеми и предизвици. Верува дека здравата храна и здравиот живот се карта за долгото живеење.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik