„Алокејт софтвер“ најавува 50 вработувања во Центар за развој на апликации

Bez autora
Mar 31 2015

Англиската компанија „Алокејт софтвер“ во мај годинава ќе отвори центар за развој на апликации во Скопје во кој планира во наредните две години да вработи 50 програмери и да инвестира 5 милиони евра, најави денеска на прес-конференција раководството на компанијата. „Алокејт софтвер“, со седиште во Лондон и канцеларии во Сиднеј и Стокхолм, нуди услуги за специјалистички софтвер за оптимизација на работна сила. Нивните решенија се користат во над 700 организации во јавниот и во приватниот сектор, а дел од нивните корисници се НАТО и Британската армија. Алокејт пакетот услуги за здравството, според компанијата, се користи за управување со повеќе од милион вработени во 300 здравствени организации во светот.

„Алокејт софтвер“ најавува 50 вработувања во Центар за развој на апликацииАнглиската компанија „Алокејт софтвер“ во мај годинава ќе отвори центар за развој на апликации во Скопје во кој планира во наредните две години да вработи 50 програмери и да инвестира 5 милиони евра, најави денеска на прес-конференција раководството на компанијата.

„Алокејт софтвер“, со седиште во Лондон и канцеларии во Сиднеј и Стокхолм, нуди услуги за специјалистички софтвер за оптимизација на работна сила. Нивните решенија се користат во над 700 организации во јавниот и во приватниот сектор, а дел од нивните корисници се НАТО и Британската армија. Алокејт пакетот услуги за здравството, според компанијата, се користи за управување со повеќе од милион вработени во 300 здравствени организации во светот.

Развојниот центар во Скопје, според главниот извршен директор на „Алокејт софтвер“, Иан Боулс, е дел од нивните тековни планови за раст кој треба да им овозможи на постојните клиенти да имаат корист од постојаниот развој на нивните тековни решенија.

- Центарот исто така претставува можност да ни се приклучат македонските инжинери и да ги градат своите кариери преку успешен меѓународен бизнис за апликации во здравството, наведе Боулс.

Веќе се вршат подготовки за првите 12 вработувања и доопремување на деловните простории во Скопје. Плановите се за 1,5 година да се вработат 30 лица, а за две години 50. Бараме софтвер инжинери, програмери, на кои ќе им нудиме дообука, но и стабилност на работата, рече Иан Бишоп, главен директор за технологија во Алокејт софтвер.

Имаме, додаде, долгорочни амбиции, со што нашиот развоен центар во Македонија ќе стане најголем во компанијата во претстојните неколку години.

Според министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, одлуката за отворање на центарот за развој на апликации во Скопје е потврда за заложбите на Владата за создавање амбиент на воспоставување стандарди и вредности кои ќе бидат препознаени и ќе донесат нови инвестиции.

- Високите стандарди на едукација, големиот капацитет на софтверските програмери во Македонија, како и широките можности за деловно работење во земјава беа предностите кои компанијата од Лондон ги препозна и предусловите врз основа на кои ја донесе конечната одлука за развој на нивниот бизнис во Македонија, рече Ивановски.

Македонија, потенцира, има огромен кадровски потенцијал во сите области, а пред се информатичко комуникациската област.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik