Македонските плати десет пати пониски од европските

Bez autora
Apr 01 2015

Од 3,8 евра до над 40 евра пресмета „Евростат“ дека чини еден час труд во европските земји во 2014 година. Во Македонија, според наши пресметки, работниците во просек земаат околу 2,2 евра за еден час работа. Тој износ се добива ако се подели износот на последната просечна плата за јануари од 21.828 денари, со бројот на работни часови во месецот (околу 160 часа). Овој податок не треба да не зачудува. Македонските плати, и просечната и минималната, се најниски во споредба со земјите од регионот, додека со европските разликата е огромна. Македонската плата по час е најблиску до бугарската, 3,8 евра, која пак, е најниска во Европа. За споредба, во 2013 година платите во Бугарија биле во просек 3,7 евра по час, а во 2012 година - 3,4 евра.

Македонските плати десет пати пониски од европскитеОд 3,8 евра до над 40 евра пресмета „Евростат“ дека чини еден час труд во европските земји во 2014 година. Во Македонија, според наши пресметки, работниците во просек земаат околу 2,2 евра за еден час работа. Тој износ се добива ако се подели износот на последната просечна плата за јануари од 21.828 денари, со бројот на работни часови во месецот (околу 160 часа).

Овој податок не треба да не зачудува. Македонските плати, и просечната и минималната, се најниски во споредба со земјите од регионот, додека со европските разликата е огромна.

Македонската плата по час е најблиску до бугарската, 3,8 евра, која пак, е најниска во Европа. За споредба, во 2013 година платите во Бугарија биле во просек 3,7 евра по час, а во 2012 година - 3,4 евра. Според европската статистика еден час работа најдобро се плаќа во сферата на услугите и во бизнис-секторот, а во индустријата и градежништвото платите се најниски. Од регионот, највисоки се платите во Словенија, таму еден работен час чини 15,5 евра, во Грција 14 евра, а во Хрватска 9,4 евра.

Според податоците што вчера ги објави „Евростат“, минатата година просечната плата по час во ЕУ изнесувала 24,6 евра, а во еврозоната 29,2 евра. Најплатени се работниците во Данска - по 40,3 евра на час. Високи плати имаат и во Белгија од 39,1 евра за час работа, Шведска има 37,4 евра, Луксембург 35,4 евра, Германија 31,8 евра, а Франција 35 евра по час. Всушност, Норвешка, која е надвор на графата членки на ЕУ, според „Евростат“ има највисока плата. Во оваа земја еден час труд чини над 50 евра.

На дното на листата се Романија со плата за работен час од 4,6 евра, Литванија со 6,5 евра и Латвија со 6,6 евра.

Македонските работници може само да сонуваат за овие плати. Нашиот просек на месечна плата е 350 евра. Земјава никако не може да се одлепи од дното на европската скала на месечна заработувачка. Но, не само што сме далеку зад европскиот просек, туку заостануваме и со платите во соседството. Сите земји на Балканот, освен граѓаните на Косово, имаат поголеми примања од македонските. Во сите други соседни држави граѓаните заработуваат двојно или повеќе од двојно во споредба со Македонците, дури и кога станува збор за исти професии и образование. Домашната Статистика покажува и уште една друга темна страна на македонската живејачка. А, тоа е дека за период од 5 години платите во просек пораснале за околу 20 евра. Или, ако просекот во 2010 година изнесувал околу 330 евра, а сега е 350 евра. Ова зголемување се смета дека е резултат на повисоките плати во администрацијата, но не и во приватниот сектор. Практиката покажува дека најголем дел од вработените земаат околу 200 евра плата, а просекот го „билдаат“ платите во банкарскиот и информацискиот сектор, во електричната дејност, здравството, фармацијата,... кои се и највисоки во државава.

Во споредба со регионот најмали плати, освен Македонците, имаат и работниците во Албанија и Косово. Следна е Србија, со просек од околу 400 евра, Црногорците имаат просечна плата од 480 евра, во БиХ просекот е 380 евра, а во Хрватска и Словенија просечните плати се движат над 800, односно 1.000 евра.

Зголемен бројот на работници во индустријата

Бројот на работници во индустријата во февруари е зголемен за 2,5 проценти во споредба со истиот период во 2014 година, објави Државниот завод за статистика.

Пораст од 3,4 проценти има во секторот преработувачка индустрија, а опаѓање за 4,1 процент во рударство и експлоатација на камен и за три проценти во снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација. Според главните индустриски групи забележан е пораст кај интермедијарни производи, освен енергија за 5,2 проценти, капитални производи за 22,5 проценти и трајни производи за широка потрошувачка за 3,2 проценти, додека опаѓање има кај енергија за 6 проценти и нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,7 проценти. Во периодот јануари-февруари има зголемување на бројот на работници за 2,8 проценти во однос на истиот период 2014 година.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik