Над 2 милиони евра од ЕУ за нови вработувања

Bez autora
Apr 16 2015

Со над два милиони евра преку обуки и практиканство, во наредниот период ќе се поддржат младите лица до 29 години, долгорочно невработените и жените на пазарот на труд, со цел полесно вработување. Средствата се обезбедени од ИПА-програмата на Европската унија за реализација на проектот „Поддршка за вработување млади лица, долгорочно невработени и жени“, кој беше промовиран во Скопје. Со овој проект значително ќе се придонесе за надминување на невработеноста и поддршка на околу 5.000 невработени лица од овие категории, кои ќе се здобијат со вештини барани на пазарот на труд, истакна министерот за труд и социјална политика Диме Спасов. Според него со вториот директен грант ќе се придонесе за збогатување на активностите на Агенцијата за вработување како директна поддршка за невработените лица, преку активните мерки за вработување.

Над 2 милиони евра од ЕУ за нови вработувањаСо над два милиони евра преку обуки и практиканство, во наредниот период ќе се поддржат младите лица до 29 години, долгорочно невработените и жените на пазарот на труд, со цел полесно вработување. Средствата се обезбедени од ИПА-програмата на Европската унија за реализација на проектот „Поддршка за вработување млади лица, долгорочно невработени и жени“, кој беше промовиран во Скопје.

„Со овој проект значително ќе се придонесе за надминување на невработеноста и поддршка на околу 5.000 невработени лица од овие категории, кои ќе се здобијат со вештини барани на пазарот на труд“, истакна министерот за труд и социјална политика Диме Спасов. Според него со вториот директен грант ќе се придонесе за збогатување на активностите на Агенцијата за вработување како директна поддршка за невработените лица, преку активните мерки за вработување. „Преку мерката практикантство ќе се овозможи 1.000 невработени млади лица до 29 години да посетуваат обуки за практикантство и на 1.000 лица да посетуваат обуки кај познат работодавач во реални работни услови. Исто така, предвидено е 2.000 невработени лица да се вклучат во обуките за општи вештини (учење на странски јазици и основни компјутерски вештини) и 720 долгорочно невработени лица во обуки за вештини дефицитарни на пазарот на труд од кои 220 лица ќе се вклучат во обуки за напредни ИТ-вештини“, појасни Спасов.

Директорот на Агенцијата за вработување на Македонија, Влатко Поповски,истакна дека сите невработени кои имаат потреба од стекнување дополнителни знаења и вештини за полесно вработување можат да се вклучат во проектот.

Мартин Клауке, раководителот на Одделот за соработка на Делегацијата на ЕУ во Македонија, смета дека со обезбедување соодветни обуки и практиканство, лицата од овие категории ќе се стекнат со знаења и вештини кои ќе им помогнат полесно да се вклучат на пазарот на труд. „На ваков начин, рече, сакаме да го подигнеме квалитетот на животот, социјалното вклучување и развојот на пазарот на трудот“, истакна Клауке.

Проектот содржи две поткомпоненти и две компоненти. Првата поткомпонента се однесува на практиканството како поддршка за вработување млади до 29 години, а втората на обуки кај познат работодавач. Првата компонента пак опфаќа обуки за општи вештини, а втората обуки за стекнување вештини побарувани на пазарот на трудот.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik