Нов тип налог со најповолна цена за тргување на Македонската берза

Bez autora
Apr 16 2015

Комисијата за хартии од вредност даде согласност на измените и дополнувањата на Правилата за тргување на Македонската берза со кои се воведува нов тип налог - налог со најповолна цена и истовремено се врши модифицирање на постојниот лимитиран налог. Налогот со најповолна цена е наменет за оние клиенти кои се подготвени да му дадат на брокерот право да одлучи кога тој ќе биде реализиран. Имено, налогот е без дефинирана цена, но со утврдена количина од страна на клиентот. Брокерската куќа или овластената банка одлучува кога и по која цена ќе го реализира налогот, при што важат ценовните ограничувања за определената хартија од вредност. Со измените кои се вршат во однос на начинот на извршување на лимитираниот налог се воведува можноста клиентот да даде специфични инструкции за реализирање на лимитираниот налог, како и се доуредува обврската на брокерската куќа или овластената банка да ги преземе сите неопходни активности за извршување на налогот под услови кои се најповолни за клиентот, земајќи ги предвид цената, трошоците, начинот и брзината на реализирање, вредноста и карактеристиките на налогот на клиентот и други околности кои се важни за неговото извршување.

Нов тип налог со најповолна цена за тргување на Македонската берзаКомисијата за хартии од вредност даде согласност на измените и дополнувањата на Правилата за тргување на Македонската берза со кои се воведува нов тип налог - налог со најповолна цена и истовремено се врши модифицирање на постојниот лимитиран налог.

Налогот со најповолна цена е наменет за оние клиенти кои се подготвени да му дадат на брокерот право да одлучи кога тој ќе биде реализиран. Имено, налогот е без дефинирана цена, но со утврдена количина од страна на клиентот.

Брокерската куќа или овластената банка одлучува кога и по која цена ќе го реализира налогот, при што важат ценовните ограничувања за определената хартија од вредност. Со измените кои се вршат во однос на начинот на извршување на лимитираниот налог се воведува можноста клиентот да даде специфични инструкции за реализирање на лимитираниот налог, како и се доуредува обврската на брокерската куќа или овластената банка да ги преземе сите неопходни активности за извршување на налогот под услови кои се најповолни за клиентот, земајќи ги предвид цената, трошоците, начинот и брзината на реализирање, вредноста и карактеристиките на налогот на клиентот и други околности кои се важни за неговото извршување.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik