Странските фирми во зоните ќе им купуваат акции на вработените

Bez autora
Apr 19 2015

Странските капацитети што стопанисуваат во слободните економски зони во земјава ќе можат да купуваат акции од нивните фирми мајки во странство, за своите вработени. Всушност, овие акции за вработените ќе ги купуваат фирмите-ќерки што работат во зоните, од своите фирми-мајки во матичните земји од каде што тие потекнуваат. Вакви одредби ќе бидат содржани во најновите измени и дополнувања на Законот за девизно работење, кои сега се само во фаза на најава дека ќе се подготвуваат, а ќе бидат предложени од Министерството за финансии, стои на веб-страницата на ЕНЕР, Електронскиот национален регистер на прописи на Македонија. Засега е само наведено дека целта на овие законски измени, меѓу другото, ќе биде „да се овозможи на зависните друштва - резиденти во ТИРЗ-овите да купуваат акции во свое име и за туѓа сметка од владејачките друштва, како награда за вработените“.

Странските фирми во зоните ќе им купуваат акции на вработенитеСтранските капацитети што стопанисуваат во слободните економски зони во земјава ќе можат да купуваат акции од нивните фирми мајки во странство, за своите вработени. Всушност, овие акции за вработените ќе ги купуваат фирмите-ќерки што работат во зоните, од своите фирми-мајки во матичните земји од каде што тие потекнуваат.

Вакви одредби ќе бидат содржани во најновите измени и дополнувања на Законот за девизно работење, кои сега се само во фаза на најава дека ќе се подготвуваат, а ќе бидат предложени од Министерството за финансии, стои на веб-страницата на ЕНЕР, Електронскиот национален регистер на прописи на Македонија.

Засега е само наведено дека целта на овие законски измени, меѓу другото, ќе биде „да се овозможи на зависните друштва - резиденти во ТИРЗ-овите да купуваат акции во свое име и за туѓа сметка од владејачките друштва, како награда за вработените“.

Во отсуство на повеќе детали, кои ќе бидат познати кога предлог-законот, ќе ја добие својата конечна верзија, познавачите сметаат дека овие измени ќе им овозможат на странските инвеститори во зоните да им купуваат акции на своите менаџери или вработени, од странската компанија во нивната матична земја. Всушност, се смета дека овие промени се прават токму на барање на странските фирми што работат во зоните, кои сакаат на овој начин да обезбедат еден вид бонуси за своите менаџери.

„Најчесто кога некоја фирма купува акции на свое име и за туѓа сметка, таа компанија тоа го прави за некој свој менаџер или лојален работник. Обично тоа е поврзано со менаџерски договори или други договори за работа, кои имаат одреден период на траење. Компанијата ги купува акциите како награда за менаџерот или вработениот, кој е значаен за неа и лојален, и како еден вид очекување дека и во наредниот период ќе продолжи таа посветеност. Тие акции ќе преминат во сопственост на вработениот кога ќе помине тој период, а во спротивно, ако тој предвреме ја напушти компанијата, тој го губи правото над овие акции, односно тие остануваат во сопственост на фирмата“, објаснуваат брокерски кругови.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik