Грантови за консултантски услуги од ЕБОР за македонските компани

Bez autora
Apr 19 2015

Европската банка за обнова и развој нуди грантови за консултантски услуги за компании од Македонија кои имаат до 250 вработени. Висината на грантот ќе се определува според три критериуми и тоа големината на компанијата, каде е таа лоцирана и според видот на советот што и е потребен на бизнисмените. Повисок грант, како што информира банката, ќе им се додели на мали компании со помалку од 50 вработени, како и на фирми кои се наоѓаат во помалку развиените региони, односно надвор од Скопје, а на кои им треба советување за стратегија, деловни процеси или инженерски решенија. И покомплексните проекти како оние за енергетска ефикасност, стратегија, деловни процеси, инженерски решенија и финансиско известување ќе добијат повисок грант.

Грантови за консултантски услуги од ЕБОР за македонските компаниЕвропската банка за обнова и развој нуди грантови за консултантски услуги за компании од Македонија кои имаат до 250 вработени. Висината на грантот ќе се определува според три критериуми и тоа големината на компанијата, каде е таа лоцирана и според видот на советот што и е потребен на бизнисмените.

Повисок грант, како што информира банката, ќе им се додели на мали компании со помалку од 50 вработени, како и на фирми кои се наоѓаат во помалку развиените региони, односно надвор од Скопје, а на кои им треба советување за стратегија, деловни процеси или инженерски решенија.

И покомплексните проекти како оние за енергетска ефикасност, стратегија, деловни процеси, инженерски решенија и финансиско известување ќе добијат повисок грант.

Специјална програма е дизајнирана за поддршка на бизниси предводени од жени на кои ќе им се доделат 10 проценти повисок грант од предвидените, а доколку компанијата користи финансии од ЕБОР или од некоја од партнер банките на ЕБОР во рамки на програмата за женско претприемништво, тогаш ќе се доделат дополнителни 10 проценти за трошоците за консултантски проект или бизнис - коучинг проектот, покривајќи максимум до 90 проценти од нето вредноста на проектот.

Повеќе информации за критериумите може да се најдат на веб страницата www.ebrd.com/knowhow.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik