Две големи германски компании доаѓаат во Македонија

Bez autora
Apr 23 2015

Најмалку две од 15 присутни компании на Комитетот за источно - европски економски односи веќе наредната недела ќе дојдат во Македонија за детално да можат да се запознаат со можностите за инвестирање. Уште еден од германските гиганти најавил посета на Македонија која што треба да се случи наредните неколку месеци, јави дописникот на МИА од Берлин. Заменик министерот за економија Христијан Делев кој што ја предводеше македонската делегација на Комитетот за источно - европски економски односи каде што прв пат е поканета Македонија вели дека поради т.н „чатам хаус“ правила на средбата што се одржа во зградата на германскиот Телеком во Берлин не смее да објавува детали од разговорите.

Две големи германски компании доаѓаат во МакедонијаНајмалку две од 15 присутни компании на Комитетот за источно - европски економски односи веќе наредната недела ќе дојдат во Македонија за детално да можат да се запознаат со можностите за инвестирање. Уште еден од германските гиганти најавил посета на Македонија која што треба да се случи наредните неколку месеци, јави дописникот на МИА од Берлин.

Заменик министерот за економија Христијан Делев кој што ја предводеше македонската делегација на Комитетот за источно - европски економски односи каде што прв пат е поканета Македонија вели дека поради т.н „чатам хаус“ правила на средбата што се одржа во зградата на германскиот Телеком во Берлин не смее да објавува детали од разговорите.

Станува збор за две од најголемите германски компании кои што имаат планови за инвестирање во крупни енергетски проекти и во хемиската индустрија.

Заменик министерот за економија Делев денеска учествува на форумот „Исток - Берлин“ кој што претставува платформа која што обединува кретори на јавно мислење кои што ги дискутираат предизвиците и можностите во економската зона меѓу Лисабон и Владивосток.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik