Македонија пред Србија на инвест-мапата во Германија

Bez autora
Apr 26 2015

Поради подобри услови за работење, три германски фирми ја одбрале Македонија, а не Србија како дестинација каде што ќе инвестираат. Ова за српските медиуми во Белград го изјави Мартин Кнап, првиот човек на Германско-српското стопанско здружение, претставувајќи ги резултатите на анкетата на стотина германски фирми кои работат во Србија. Кнап е претседател и на Германската стопанска комора во Македонија и раководен член на УО на Македонско-германското стопанско здружение. Тој, сепак, не ги открил имињата на трите компании. Како што се дознава, трите инвеститори за кои станува збор таквата одлука ја донеле во последната година, додека во периодот пред тоа поради истите причини на Македонија и' дала предност пред Србија уште една германска компанија.

Македонија пред Србија на инвест-мапата во ГерманијаПоради подобри услови за работење, три германски фирми ја одбрале Македонија, а не Србија како дестинација каде што ќе инвестираат. Ова за српските медиуми во Белград го изјави Мартин Кнап, првиот човек на Германско-српското стопанско здружение, претставувајќи ги резултатите на анкетата на стотина германски фирми кои работат во Србија. Кнап е претседател и на Германската стопанска комора во Македонија и раководен член на УО на Македонско-германското стопанско здружение. Тој, сепак, не ги открил имињата на трите компании.

Како што се дознава, трите инвеститори за кои станува збор таквата одлука ја донеле во последната година, додека во периодот пред тоа поради истите причини на Македонија и' дала предност пред Србија уште една германска компанија.

Во текот на изминатиот месец, на народните собири што ги организира владејачката ВМРО-ДПМНЕ, беа објавени неколку германски инвестиции, меѓу кои и на компанијата „ОДВ-електрик“, која во охридско-струшкиот регион ќе вработи 800 лица. Фабриката на германски „Маркарт“, кај Велес, чија инвестиција се проценува на 35 милиони евра, ќе произведува електронски компоненти за автомобилски гиганти како: „Мерцедес“, „БМВ“, „Ауди“,..., а во неа треба да работат најмалку 600 лица. Во зоните во Кавадарци и во Битола работат и „Дркселмаер“ и „Кромберт и Шуберт“. Германската компанија „Техникал текстил“ во ТИРЗ „Штип“ привршува со градежните активности, и оваа компанија до крајот на вториот квартал ќе започне со активна работа.

Деновиве, кај нас беше најавено и доаѓање на уште две големи германски компании кои имаат планови да инвестираат во крупни енергетски проекти и во хемиската индустрија.

Како што пишува белградска „Политика“, во Србија работат околу 370 фирми со германски капитал кои вработуваат околу 25 илјади лица. Со вложени три милијарди евра, водечката економска и политичка членка на ЕУ е најголем инвеститор во Србија и најголем донатор од 2001 година, пишува весникот. Политика го цитира Драгољуб Рајиќ од Мрежата за деловна поддршка кој вели дека бројот на странски компании кои лани почнале бизнис во Македонија бил три пати поголем отколку во Србија.

„Тоа е официјален податок на ЕУ“, изјави Раиќ, кој причините ги гледа во даночниот систем, помалите давачки и помалата бирократија во Македонија. Во Србија државниот и јавниот сектор вработувал 45 отсто од вкупниот број вработени, а во Македонија помалку од 20 отсто. Покрај тоа, според Раиќ, во Македонија бројот на парафискални давачки е три пати помал отколку во Србија, а Македонија е 20 места пред Србија според условите за работење, додека трошоците за работа се 20 отсто помали.

Во минатогодишната анкета за бизнис-климата во нашата земја на Македонско-германското стопанско здружение, ниските трошоци за работа и поволните даноци добија пофалби, а јавната администрација, платежната дисциплина, транспарентноста на јавните набавки и правната сигурност критики. Во целина, општата економска состојба во Македонија беше оценета најдобро досега, од 2007 година кога почна да се спроведува ваква анкета меѓу македонските фирми со германски капитал, или оние што имаат врски со нашиот најзначаен надворешно-трговски партнер. Во истата анкета, на регионално ниво Македонија беше оценета најдобро во однос на атрактивноста, а најлошо Босна и Херцеговина, иако резултатите не се такви кога се при споредбата со земјите од Југоисточна Европа, каде што од 20 рангирани, Македонија беше на 13. место.

При презентацијата на годинашнава анкета во Србија, Кнап истакна дека добиените резултати во оваа земја биле малку полоши во однос на претходната година. Од 100 анкетирани претпријатија, третина работењето го оцениле позитивно, 60 задоволително, а 4 отсто биле незадоволни. Покрај тоа, се намалил и процентот на оние кои повторно би инвестирале во Србија, од 92 отсто во 2014 на 88 отсто годинава. И во Србија најмногу забелешки германските фирми имаат на правната сигурност, јавната администрација, предвидливоста на економската политика и борбата против корупцијата и криминалот.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik