Нашите банки ќе можат да вложуваат во странски обврзници

Bez autora
Apr 27 2015

Македонските банки ќе можат да купуваат хартии од вредност во странство, кои ќе треба да исполнуваат одредени строги услови за бонитет на нивните издавачи. Ова е една од новините што се предвидени со најновите измени на Законот за девизно работење, кој веќе се појави во форма на готова нацрт-верзија на ЕНЕР, Електронски национален регистер на прописи на Македонија. Во наредниот период се очекува овие законски измени да добијат и собраниска верификација. Овластените банки можат во свое име и за своја сметка да вложуваат во хартии од вредност во странство кои ги исполнуваат условите пропишани од страна на Народна банка на Република Македонија, се вели во нацрт-измените на Законот за девизно работење. Според дел од банкарите со кои контактиравме, овие измени всушност значат либерализација на досегашниот закон, со кој на домашните банки ќе им се даде уште една можност за вложување на нивните слободни парични средства, покрај кредитирањето на граѓаните и компаниите во земјава, и купувањето на домашни државни хартии од вредност.

Нашите банки ќе можат да вложуваат во странски обврзнициМакедонските банки ќе можат да купуваат хартии од вредност во странство, кои ќе треба да исполнуваат одредени строги услови за бонитет на нивните издавачи.

Ова е една од новините што се предвидени со најновите измени на Законот за девизно работење, кој веќе се појави во форма на готова нацрт-верзија на ЕНЕР, Електронски национален регистер на прописи на Македонија. Во наредниот период се очекува овие законски измени да добијат и собраниска верификација.

„Овластените банки можат во свое име и за своја сметка да вложуваат во хартии од вредност во странство кои ги исполнуваат условите пропишани од страна на Народна банка на Република Македонија“, се вели во нацрт-измените на Законот за девизно работење.

Според дел од банкарите со кои контактиравме, овие измени всушност значат либерализација на досегашниот закон, со кој на домашните банки ќе им се даде уште една можност за вложување на нивните слободни парични средства, покрај кредитирањето на граѓаните и компаниите во земјава, и купувањето на домашни државни хартии од вредност.

На прашањето какви реални бенефити ќе донесат за нив овие можности, банкарите велат дека тие ќе бидат многу мали, можеби и никакви, со оглед на ниските каматни стапки што можат да се добијат за тие квалитетни странски хартии од вредност.

„На овој начин се проширува можноста за домашните банки да ги инвестираат своите слободни парични средства. Но, очекувам дека ќе се побараат строги критериуми за бонитетот на издавачите на тие хартии од вредност“, вели еден од нашите соговорници.

Банкарите очекуваат дека такви странски хартии од вредност најверојатно ќе бидат државни обврзници на странски земји, но притоа ќе се инсистира тие да бидат од бонитетни, односно стабилни и развиени држави, кои всушност се задолжуваат преку овие обврзници на меѓународниот пазар. „Покрај државните обврзници, најверојатно ќе може да се вложува и во корпоративни обврзници, односно обврзници што ги издаваат одредени моќни странски или мултинационални компании, кои на овој начин го обезбедуваат потребниот дополнителен капитал во работењето. Се разбира дека и тие компании ќе треба да исполнуваат одредени строги критериуми за бонитет и стабилност“, објаснуваат познавачите.

Според нив, за домашните банки нема да има голем бенефит од оваа можност, со оглед што за тие бонитетни странски хартии од вредност, како што велат, каматните стапки се многу ниски, максимум до еден отсто.

Од друга страна, пак, во моментов на домашниот пазар каматните стапки на државните хартии од вредност се движат од 1,25 отсто за шестмесечни државни записи, 1,7 отсто за едногодишни записи, до 3,8 проценти за десетгодишни државни обврзници, како и највисоката камата за најдолгата рочност, односно 4 отсто за 15 годишни државни обврзници.

Исто така, со измените на Законот за девизно работење што се предлагаат, се предвидува дека овластените банки ќе може да имаат странски платежни средства на девизна сметка кај Народна банка на Република Македонија, заради вршење на платен промет, што се очекува дека ќе ги намали трошоците за работа во овој сегмент кај домашните банки.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik