Патот на свилата бара брза железница и низ Македонија

Bez autora
Apr 28 2015

Македонија да стане логистички центар во транспортот на стоки по патот на свилата, од Кина кон западна Европа. Развој на транспортната мрежа, особено на Коридорот 10, кој минува низ нашата земја и го поврзува грчкото пристаниште Пиреја со европското копно, како и создавање железнички собирен пункт на стратешко место во Македонија, беа главните теми на разговор на претставници на железнички компании од регионот, домашни стопанственици и кинеската компанија „Коско“. Изградба на брза железничка линија, на која возовите ќе се движат и до 200 километри на час, наскоро ќе биде предмет на изработка на физибилити-студија во Македонија. А како што најави вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, на иста таква веќе се работи во Србија.

Патот на свилата бара брза железница и низ МакедонијаМакедонија да стане логистички центар во транспортот на стоки по патот на свилата, од Кина кон западна Европа. Развој на транспортната мрежа, особено на Коридорот 10, кој минува низ нашата земја и го поврзува грчкото пристаниште Пиреја со европското копно, како и создавање железнички собирен пункт на стратешко место во Македонија, беа главните теми на разговор на претставници на железнички компании од регионот, домашни стопанственици и кинеската компанија „Коско“.

Изградба на брза железничка линија, на која возовите ќе се движат и до 200 километри на час, наскоро ќе биде предмет на изработка на физибилити-студија во Македонија. А како што најави вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, на иста таква веќе се работи во Србија.

„Веќе имавме разговори за изградба на брза железница со кинеските власти, а паралелно македонската Влада поддржува десетина проекти, дел за изградба на нови железнички станици и обновување на постојната железничка инфраструктура, дел за изградба на нови железници и за набавка на возови и вагони“, рече Пешевски.

Тој посочи дека 60 проценти од увозот на стоки во Македонија пристигнува преку Океанскиот пат на свилата од пристаништата во Пиреја и Солун. На пристаништето во Пиреја, во кое „Коско“ инвестираше 700 милијарди евра, годишно впловуваат 24.000 транспортни бродови.

Во Македонија, железничкиот транспортен сообраќај во вкупниот транспорт учествува само со 10 проценти, што во голема мера се должи на застарената железничка инфраструктура.

„Одамна ја имаме идентификувано и можноста Македонија да стане логистички центар на оваа рута по овој коридор. Целта на денешниот состанок со кинеската компанија, во соработка со македонските железници и железниците во регионот, е да се идентификува локација во Македонија која долгорочно би можела да претставува еден логистички центар“, рече Пешевски.

Според директорот на МЖ „Транспорт“, Никола Костов, „Македонски железници“ се промовираат како регионален лидер, што треба да се искористи земјава да стане логистички центар, имајќи ја предвид стратешката позиција.

Јелисавета Георгиева, потпретседател на Стопанската комора на Македонија, истакна дека реализацијата на идејата за создавање железнички собирни пунктови во земјата и понудата на логистички решенија за ефикасни и брзи транспортни текови од и за Европа, во целост се вклопуваат со барањата и потребите на бизнисот. Основната придобивка од реализацијата на тој процес, порача, би било значително подобрување на конкурентноста на домашните производи на странските пазари.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik