Од Македонија до Белград целосно по автопат во 2017 година

Bez autora
May 04 2015

Од 2017 година од Македонија до Белград целосно ќе се патува по автопат, со оглед дека до крајот на 2016 се предвидува да завршат работите на делницата која води низ Грделичката Клисура. Од српското Министерство за градежништво, сообраќај и инфраструктура за „Утрински весник“ велат дека во тек се работите на јужниот крак на Коридорот 10 кој минува низ Србија, односно на делницата од Грабовница до Доњи Нерадовац. Просечната физичка реализација на целата делница е околу 31 отсто. Се планира комплетната делница да биде пуштена во сообраќај во текот на 2017 година, со тоа што во согласност со динамиката на завршување на одредени делници, тие поединечно ќе бидат пуштани во употреба, велат од Министерството за градежништво, сообраќај и инфраструктура.

Од Македонија до Белград целосно по автопат во 2017 годинаОд 2017 година од Македонија до Белград целосно ќе се патува по автопат, со оглед дека до крајот на 2016 се предвидува да завршат работите на делницата која води низ Грделичката Клисура. Од српското Министерство за градежништво, сообраќај и инфраструктура за „Утрински весник“ велат дека во тек се работите на јужниот крак на Коридорот 10 кој минува низ Србија, односно на делницата од Грабовница до Доњи Нерадовац.

„Просечната физичка реализација на целата делница е околу 31 отсто. Се планира комплетната делница да биде пуштена во сообраќај во текот на 2017 година, со тоа што во согласност со динамиката на завршување на одредени делници, тие поединечно ќе бидат пуштани во употреба“, велат од Министерството за градежништво, сообраќај и инфраструктура.

Овој автопат е еден од инфраструктурните проекти што влегоа и во завршната изјава на состанокот што се одржа деновиве во Брисел меѓу премиерите на шест земји од Западен Балкан и Европската комисија на кој беа прецизирани проектите кои се од значење за развој на транспортната мрежа во регионот. Покрај Коридорот 10, кој тргнува од Австрија (еден крак и од Унгарија) и преку Словенија, Хрватска, Србија и Македонија завршува во Грција (еден крак преку Ниш оди до Бугарија, односно Турција), поддршка добија и повеќе други проекти. Со нивна целосна реализација значајно ќе се подобри инфраструктурата во регионот. За Македонија посебно се значајни уште и Коридорот 8 (кон Бугарија, односно Албанија), како и автопатот меѓу Скопје и Приштина.

Инвестициите во доизградбата и проектирањето на сообраќајниците ќе ги поддржи и ЕУ, која најави вложувања во инфраструктурата на Западен Балкан од милијарда евра. За годинава се предвидени 130 милиони евра од ИПА 2-фондовите.

Подобрувањето на регионалната соработка и економската стабилност преку развој на инфраструктурата е дел од конференцијата за Западен Балкан што се одржа во Берлин на 28 август минатата година, а продолжи и на министерските состаноци во Белград во октомври лани и во Приштина кон крајот на март годинава.

„На неформалниот министерски состанок во Приштина, потпретседателката на владата и министерка за градежништво, сообраќај и инфраструктура на Србија, Зорана Михајловиќ, ја презентираше Единствената листа на проекти која од сите земји во регионот единствено Србија веќе ја имаше формирано, поаѓајќи од методологијата развиена во консултации со Делегацијата на ЕУ во Србија. Исто така, даде општ приказ на начинот на кој Србија ја дефинираше листата на инфраструктурни проекти. Беше објаснет и принципот на функционирање на Националниот инвестициски комитет“, велат од српското Министерство.

Во Брисел, на 21 април, на состанокот на премиерската шесторка беа дефинирани рутите и коридорите, односно изградбата на автопати, железнички линии и воздушни и водени пристаништа кои до 2030 година треба да се вклопат во Трансевропската транспортна мрежа (ТЕН-Т), со која ЕУ промовира брзи рути низ целиот континент. Таа, пак, е дел од амбициозниот проект за Трансевропски мрежи (ТЕНс), кој вклучува и телекомуникациска и енергетска мрежа.

„Препознаваме дека подобрувањето на поврзаноста во рамки на регионот, како и со ЕУ е клучен фактор за остварување на раст и отворање работни места“, беше посочено во завршната изјава од Бриселскиот состанок.

Следниот чекор е до август, кога во Виена ќе се одржи наредниот состанок на западнобалканската шесторка, земјите да подготват прецизно дефинирани инфраструктурни проекти, и тоа не само за сообраќајно, туку и за енергетско поврзување.

Меѓу земјите од регионот постои поддршка за дефинирање на Основата на транспортната мрежа за Западен Балкан, што вклучува и предлози за унапредување на првобитно доставениот предлог од страна на ЕК.

На прашањето како ќе се обезбедат доволно финансиски средства за сите проекти во регионот, со оглед дека најавената поддршка од една милијарда евра сигурно нема да биде доволна, од српското Министерство за градежништво, сообраќај и инфраструктура за „Утрински весник“ велат дека е најважно регионалните проекти да станат дел од европските проекти и европската мрежа која е интересна за ЕУ.

„Проектите кои ќе станат тоа, а за кои финално ќе се одлучува во текот на летото, ќе ја имаат поддршката на ЕУ, а за почеток е најавена една милијарда евра. Меѓутоа, тој износ секако не е доволен ниту за првата фаза, која инаку ќе се реализира фазно. Кредитните средства ќе бидат ограничени со оглед на нивото на задолженост на земјите-учеснички од регионот, па затоа се смета и на други можности за финансирање, како концесии, јавно-приватно партнерство и слични модели. Во секој случај, првата фаза на реализација на проектот треба да обезбеди минимум современа патна и железничка поврзаност во регионот, а ќе следува и проширување на сите оптимални правци“, велат од српското Министерство.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik