Македонија со најголем раст во Европа

Bez autora
May 06 2015

Македонија ќе има најголем економски раст во Европа во оваа и во следната година, предвидува Европската комисија во пролетната економска прогноза. Се очекува земјава да оствари раст на бруто-домашниот производ од 3,8 проценти во 2015 година, односно 3,9 отсто в година. Но, се предупредува и на можноста од зголемување на буџетскиот дефицит за оваа година. Се наведува дека фискалниот резултат за годинава може да ја надмине владината цел за дефицит од 3,3 отсто за околу 0,5 проценти и дека неодамна предвидените зголемувања на буџетските трошоци веќе оставиле белег на успешноста на буџетот, па според Еврокомисијата, во првите два месеца од 2015 година, акумулираниот буџетски дефицит изнесува околу 25 проценти од целта за буџетот за цела година, или 0,8 отсто од планираниот БДП.

Македонија со најголем раст во ЕвропаМакедонија ќе има најголем економски раст во Европа во оваа и во следната година, предвидува Европската комисија во пролетната економска прогноза. Се очекува земјава да оствари раст на бруто-домашниот производ од 3,8 проценти во 2015 година, односно 3,9 отсто в година.

Но, се предупредува и на можноста од зголемување на буџетскиот дефицит за оваа година. Се наведува дека фискалниот резултат за годинава може да ја надмине владината цел за дефицит од 3,3 отсто за околу 0,5 проценти и дека неодамна предвидените зголемувања на буџетските трошоци веќе оставиле белег на успешноста на буџетот, па според Еврокомисијата, во првите два месеца од 2015 година, акумулираниот буџетски дефицит изнесува околу 25 проценти од целта за буџетот за цела година, или 0,8 отсто од планираниот БДП.

„Планирани се голем број мерки за зголемување на приходите, но тие не можат да го компензираат планираниот пораст на актуелните трошоци, вклучувајќи ја и неодамнешната одлука на Владата за зголемување на социјалните трансфери од јули оваа година, за 5 отсто повеќе од предвиденото во буџетот“, се заклучува во оваа прогноза за Македонија.

Буџетскиот дефицит, според Еврокомисијата, се очекува да падне од минус 4,2 отсто минатата година, на минус 3,8 проценти годинава, а идната година да достигне минус 3,6 проценти. Тоа е во рамки на европскиот просек, кој изнесува минус 2,5 отсто.

Затоа, пак, јавниот долг на Македонија се очекува да продолжи да расте и од 27,8 проценти во 2014 година, оваа година да достигне 29,1 отсто, а в година 40,5 проценти.

ЕУ најавува дека се очекува невработеноста да продолжи да паѓа и од 28,1 отсто лани, годинава да достигне 27,4 проценти, а во 2016 година да се намали за уште еден процент и да изнесува 26,4 отсто. Во рамките на ЕУ, највисока стапка на невработеност има во Грција (годинава се очекува 25,6 проценти) и Шпанија (22,4 отсто), а најмала во Германија (4,6 отсто) и Велика Британија (5,4 отсто).

Создавањето на работни места во секторот на производството, засилено од активните мерки на пазарот на трудот, беа главниот двигател за понатаму и покрај забавениот раст на вработеноста, но и за понатамошно намалување на стапката на невработеност. Учеството на пазарот на труд остана ниско, со 57 отсто во целина и тоа особено за жените. Сепак, немаше подобрување на состојбата на младите и речиси половина од работната сила на возраст меѓу 15 и 24 години се регистрирани како невработени, се наведува во прогнозата.

Потенцирајќи дека извозот и зголемувањето на инвестициите го движеле растот во 2014 година, Комисијата наведува дека големите јавни инфраструктурни проекти и растот на извозот, главно се должеле на странските компании основани во земјата. Тоа придонело за значајно забрзување на растот на реалниот БДП.

За споредба, ЕУ годинава ќе има 1,8 проценти раст на БДП, а 2,1 отсто в година, при што најголем раст се очекува за Ирска и Малта (по 3,6 отсто БДП), па за Луксембург (3,4) и Полска (3,3 отсто). Во 2016 година, Ирска и Луксембург се очекува да остварат раст од по 3,5 проценти. Битно е што сите земји-членки, освен Кипар, се очекува годинава да излезат од рецесија, со тоа што најмал раст се предвидува за Финска и Хрватска по 0,3, потоа за Грција 0,5 и Италија 0,6 отсто.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik