Bо гостивар ќе се шијат навлаки за автомобилски седишта

Bez autora
May 20 2015

Американската фирма „Лир“, која е водечки глобален доставувач на автомобилски седишта и системи за електрична дистрибуција, денеска објави дека ќе отвори нова фабрика ова лето во Гостивар. Во Полог ќе се шијат навлаки за автомобилски седишта за потребите на сите големи европски автомобилски производители. Новиот објект на „Лир“ првично ќе вработи околу 300 луѓе, со познавања за кроење и шиење на кожа и ткаенина. А компанијата најавува и натамошна експанзија. „Задоволни сме што ќе почнеме со работа во Македонија, а планираме новата фабрика да се изгради до средината на 2016 година“, вели Џенин Хенли, еден од истражувачите и потпретседател на корпорацијата во информацијата, во која го обелоденува одлуката за инвестирање во Македонија...

За потребите на сите големи европски автомобилски производители, новиот објект на американската компанија „Лир“ првично ќе вработи околу 300 луѓе

Американската фирма „Лир“, која е водечки глобален доставувач на автомобилски седишта и системи за електрична дистрибуција, денеска објави дека ќе отвори нова фабрика ова лето во Гостивар. Во Полог ќе се шијат навлаки за автомобилски седишта за потребите на сите големи европски автомобилски производители. Новиот објект на „Лир“ првично ќе вработи околу 300 луѓе, со познавања за кроење и шиење на кожа и ткаенина. А компанијата најавува и натамошна експанзија.

„Задоволни сме што ќе почнеме со работа во Македонија, а планираме новата фабрика да се изгради до средината на 2016 година“, вели Џенин Хенли, еден од истражувачите и потпретседател на корпорацијата во информацијата, во која го обелоденува одлуката за инвестирање во Македонија.

По објавувањето на оваа информација на американската компанија се огласи министерот за странски инвестиции Веле Самак, кој во соопштението потенцира дека тој и неговиот тим последниве две години работеле интензивно на убедување на „Лир“, оваа инвестиција да се лоцира во Македонија. „Во конкуренција за оваа нова фабрика беа земји од регионот, како и четири градови од Македонија. Особено значајно е што со оваа инвестиција ќе се отворат модерни работни места за многу млади и искусни луѓе во Гостивар и Тетово. Со оваа одлука само ја покажуваме нашата одлучност да бидеме најдобра дестинација за странските инвеститори и да се бориме за нови работни места“, вели Самак.

Со аквизицијата на „Игл Отава“ во јануари 2015 година, Корпорацијата „Лир“ е водечки доставувач во светот на премиум автомобилска кожа, со глобално подобрени капацитети на седишта во областа на занаетчиството, опциите за дизајн и целокупната вредност. „Во согласност со нашата позиција како светски лидер во луксуз и перформанси на автомобилски седишта, ја поздравуваме можноста за отворање на оваа нова фабрика со цел реализација на нашата секојдневна посветеност за квалитет и услуга на нашите клиенти“, истакна Рафаел Гаглиарди, потпретседател на „Лир“ за европски операции за материјали за седишта.

Корпорацијата „Лир“ е еден од водечките глобални доставувачи на автомобилски седишта и системи за електрична дистрибуција. Оваа корпорација го опслужува секој поголем производител на автомобили во светот, а производите на компанијата може да се најдат на повеќе од 300 називи на возила. Производите од светска класа на „Лир“ се дизајнирани, конструирани и произведени од различни тимови на приближно 132.000 вработени лоцирани во 34 земји. На листата на „Форчан 500“, „Лир“ е рангирана на 177. место. Седиштето на корпорацијата е во Мичиген.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik